Фрустрираниот Кал Кратчлоу призна дека неговиот мотоцикл едноставно не бил доволно добар за да може да се натпреварува со Марк Маркез на трката која се возеше во Шпанија.

Британецот, кој излета надвор од патеката уште на почетокот на трката, призна дека направи грешка откако се обиде да се бори со лидерите на патеката.

„Фрустрирачки е бидејќи имавме уште еден добар викенд кога станува збор за темпото но за жал нашиот сет ап не беше доволно добар. Предната гума многу се загреваше. Брзината постојано варираше и се обидов да надополнам неколку секунди при сопирањето. Но тоа пак ја прегреваше гумата.“

cal herez

„Мислам дека во еден свиок премногу го навалив мотоциклот и ја допрев белата линија. Се уште немавме шанса да го анализираме тоа. Тоа беше иста ситуација како и во Тексас. Очигледно е дека сум разочаран бидејќи мислам дека можев да се најдам на подиумот. Можеби ќе беше тешко да дојдам до победа но мораме да ги согледаме и позитивните страни од трката и да заминеме во Ле Ман знаејќи дека имаме добра брзина. Едноставно не беше наш ден.“

Британецот има уште една позитивна работа на која може да се радува, а тоа е успешниот тест кој го имаше во понеделникот, веднаш по завршувањето на трката. Кратчлоу смета дека тоа ќе им помогне за следната трка.

„Имавме позитивен ден, а тоа може да се види и по времето кое го постигнавме. Но сепак, тоа не значи дека лесно треба да го прифатиме резултатот од викендот. Повторно работевме на еден позитивен начин и навистина се чувствував добро на мотоциклот. Задоволни сме од тоа како работеше тимот, а исто така добивме помош и од Honda. Со позитивни мисли заминуваме на следната трка.“

Back To Top