MotoGP тимот Cardion AB за кој настапува Карел Абрахам ги прикажа боите со кои ќе се натпреварува оваа сезона во CRT сегментот.

Cardion AB ART 2013 182

MotoGP тимот Cardion AB за кој настапува Карел Абрахам ги прикажа боите со кои ќе се натпреварува оваа сезона во CRT сегментот.

За Чешкиот тим ова е трета сезона во МотоГП шампионатот, но годинава за прв пат нема да има фабричка поддршка. Минатите две сезони Абрахам возеше за сателитски тим на Дукати, но сезонава тимот ќе вози заедно со останатите CRT тимови под закрила на Априлија.

Моторот повторно е во препознатливата боја, сина и бела, а шасијата за оваа сезона е на производителот ART кој има вкупно 4 во CRT. 

Абрахам дојде во МотоГП во 2011 година и забележа неколку успеси при што се пласираше во првите 10, но минатата сезона не можеше да се навикне на новиот Ducati GP12, а и неколкуте повреди беа пресудни на крајот од сезоната да го завземе 14-то место.

Абрахам инаку е син на сопственикот на патеката Брно во Чешка на која се возат трки од МотоГП шампионатот.

Back To Top