Гран При комисијата се обидува да ги реши проблемите кои се создадоа по нивната последна одлука.

Ограничувањата кои од една страна ги намалија трошоците на тимовите, прави екипите да не смеат да користат возачи кои во моментов не се под договор со нив. Промени може да има само ако главните возачи се отсутни поради болест или пак повреда.

Дополнителен проблем преставува фактот дека на голем број од возачите во MotoGP договорот им завршува по крајот на сезоната 2020, а во исто време, голем број на возачи кои се дел од Moto2 сакаат да преминат во повисоката класа. Тимовите пак сакаат детално да ги проценат сите натпреварувачи кои во моментов не се дел од MotoGP.

Во претходните години на дебитантите им беше овозможено да настапат на приватен тест. Такво нешто се случи за Јохан Зарко, Алекс Маркез и Бред Биндер. Но сега откако се забранети приватните тестови, ваквата опција веќе не постои.

Како резултат на ова, GPC одлучи да дозволи возачите кои немаат договор на MotoGP тестовите да настапат покрај возачите кои веќе имаат договор. Но двајцата возачи нема да смеат во исто време да се појават на патеката.

На пример, доколку Yamaha одлучи да го тестира Moto2 возачот Лука Марини, тој ќе мора да ја дели гаражата со Валентино Роси. Во овој случај, Марини ќе може да настапи за во текот на утрото додека пак Роси ќе може да се појави на патеката во попладневните часови.

 DSC5173

Рестрикциите сепак нема да важат за тимовите кои имаат концесија. Тоа значи дека Aprilia и KTM слободно можат да имаат приватни тестови со возачи од Moto2 или пак од другите серии.

Тимовите и фабриките на овој проблем гледаат многу сериозно а тоа пак преставува знак дека сезоната 2021 би можела да биде многу интересна и да има големи промени на патеката.

Првиот тест каде што најверојатно ќе видиме како помладите возачи добиваат одредено време на патеката би можел да се случи во Барселона.

Предсезонските тестови во Сепанг и Катар се премногу важни за добар старт на годината. Тестот во Херез пак е можност за тимовите да ги испробаат првите промени кои ги имаат направено кај мотоциклите.

Друга промена на правилата е направена со цел да се изедначи можноста за настап во MotoGP и MotoE сериите. На пример, како производител кој има концесија, Aprilia може да пријави настап на Бредли Смит но само на шест трки. Сепак, овие возачи не смеат да настапат на шест трки по ред. Бидејќи тој е дел од MotoE, невозможно е да настапи на две трки во еден ист викенд. А бидејќи и голем дел од останатие возачи се дел од други програми надвор од MotoGP, одлучено е да се направат промени.

Back To Top