MotoGP

Honda го продолжи договорот со Марк Маркез за дополнителни две години

Honda Racing корпорацијата објави дека го продолжија договорот со нивниот возач, Марк Маркез, кој се натпреварува во MotoGP Светскиот Шампионат за тимот на HRC.

Следете нè на:

 

Со новиот договор, тој сега ќе остане дополнителни две години дел од нивната екипа, односно до 2020 година.

Откако победи во 125cc шампионатот во 2010 година, Маркез во 2011 година премина во Moto2, а во 2012 година ја освои титулата. Во 2013 година, негова дебитантска во премиерната класа, тој стана најмладиот шампион откако успеа да ја освои титулата со Repsol Honda.

marc motogp

Во 2017 година, тој стана најмладиот возач во историјата кој успеал да освои четири титули во премиерната класа.

Досегашни успеси на Марк Маркез:

MotoGP

Светски шампион: 4 (2013, 2014, 2016, 2017)

Стартови: 90

Места на подиумот: 63 (35 x 1, 19 x 2, 9 x 3)

Пол позиции: 45

Најбрзи кругови: 37

Moto2

Светски шампион: 1 (2012)

Стартови: 32

Места на подиумот: 25 (16 x 1, 6 x 2, 3 x 3)

Пол позиции: 14

Најбрзи кругови: 7

125cc

Светски шампион: 1 (2010)

Стартови: 46

Места на подиумот: 14 (10x 1, 4 x 3)

Пол позиции: 14

Најбрзи кругови: 9

Марк Маркез:

„Навистина сум возбуден што ќе продолжам да возам за фабричкиот тим на Honda во MotoGP. Чест ми е што се тркам како дел од семејството на Honda и навистина го ценам сето она што тие го прават за мене. Исто така сакам и да им се заблагодарам на сите оние кои ми даваа поддршка во изминативе години. Првите два официјални теста поминаа добро, а сега откако го продолжив договорот, ќе можам да се фокусирам на сезоната која следи пред нас. Ќе продолжам да уживам во тркањето и ќе дадам се од себе за да ги постигнеме нашите цели. Ви благодарам.“

Јошихиге Номура – претседател на HRC:

„Големо задоволство ми е што Марк Маркез ќе продолжи да настапува за нашиот фабрички тим. Во текот на изминатиот период тој постојано притиска до самиот лимит и навистина порасна како возач. Тој ни донесе многу титули. Благодарение на взаемната доверба, успеавме волку рано да го потврдиме договорот. Ние ќе го продолжиме нашиот предизвик заедно со Маркез, кој е витален возач во иднината на MotoGP. Им благодарам на сите кои ни даваат поддршка.“

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.