MotoGP

Honda: Жалиме поради ситуацијата меѓу Роси и Маркез

Шефот на Repsol Honda, Алберто Пуиг, вели дека контроверзниот инцидент помеѓу Марк Маркез и Валентино Роси за време на трката во Аргентина не е ништо повеќе од само обична тркачка несреќа. Сепак, вели дека ја разбира огорченоста на Yamaha.

Следете нè на:

 

Пуиг го придружуваше Маркез до гаражата на Yamaha веднаш по завршувањето на трката со идеја да му се извини на деветкратниот шампион Роси кој излета во свиокот број тринаесет после агресивниот напад кој го имаше возачот на Repsol Honda.

Ситуацијата, како што вели е комплицирана бидејќи мотоциклот на Маркез не бил доволно стабилен бидејќи на патеката имало вода.

gg718072

„Мислам дека ова беше многу комплициран ден за Маркез. Вообичаено мотоциклот нема никакви проблеми. Но работите не беа како што треба уште од самиот старт и така и продолжија“ , вели Пуиг.

„Возачот реагираше како што смета дека е исправно. Како што веќе можете да претпоставите, кога се наоѓате на стартот и зад вас има дваесетина возачи, сакате да имате сигурна позиција. Затоа и тој замина на своето место бидејќи мислеше дека маршалите на трката така му кажуваат. Ова беше само почетокот на една не толку добра трка.“

„Мислам дека Марк добро објасни што се случи со Алеш. Точно е дека можеби премногу му се доближи. Тој возеше неколку секунди побрзо од него и можеби му се приближи пребрзо.“

„Во однос на вториот проблем со Валентино, доколку ги погледнете снимките можете да видите дека има вода на самата кривина. И двајцата возачи прешироко влегоа во свиокот но Маркез, поради проблемот со водата, за жал го допре Валентино и тој излета надвор од патеката.“

„Ова беше тркачки инцидент и навистина ни е жал поради тоа. Но кога се случуваат вакви работи сите имаат сопствена интерпретација на настаните. Организаторите на трката имаат свое мислење, а исто така и возачите. Секако дека му веруваме на нашиот возач, на она што ни го кажа.“

Многумина во медиумите го осудија однесувањето на Маркез, а Роси изјави дека  тој го уништува спортот. Директорот на Yamaha, Лин Џарвис, исто така се вклучи во критиките изјавувајќи дека организаторите мора да преземат нешто се цел да се промени агресивното возење на актуелниот шампион.

Во однос на ваквите коментари, Пуиг изјави: „Прво, мислам дека Валентино има големо искуство и знае дека вакви работи можат да се случат за време на трката бидејќи тој е натпреварувач, шампион. Кога условите на патеката се тешки, вакви работи може да се случат.“

„Секако дека ги разбирам и Роси и Yamaha. Тие се гневни и воопшто не се задоволни со ситуацијата. Вакви работи се имаат случувано многупати во минатото.“

Во однос на обидот на Маркез да се извини веднаш по завршувањето на трката, Пуиг изјави:„Првото нешто кое го кажа Маркез веднаш по завршувањето на трката е дека сака да се извини. Едноставно да објасни што се случило. Негова беше одлуката да замине во гаражата на Yamaha, а тоа само потврдува за каква личност станува збор.“

„Отидовме таму но тие не беа премногу среќни поради тоа и побараа од нас да си заминеме. Можам да ја разберам нивната реакција. Бидејќи ако истото ова се случи и на вашиот возач нема да бидете премногу среќни. Но да повторам уште еднаш, ова е тркање и вакви работи се случуваат. Се обидовме да се извиниме, навистина жалиме поради ситуацијата која настана но нема поента понатаму да разговараме за ова.“

„Само се надеваме дека ќе не разберат и дека ќе го прифатат нашето извинување за нешто  што не е виновен самиот возач но што сепак придонесе за падот на Валентино.“

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.