Разговаравме со Кристијан Лундберг и Пит Бенсон, две лица кои одблизу работат со Хуан Мир, следната голема ѕвезда на Гран При трките.

Кога некој менаџер на етаблирана MotoGP фабрика ќе ви каже дека некој возач со релативно мало искуство заслужува сопствен проект, најпрво нема да ви се верува во тоа што го слушате. Но Давиде Бривио, шефот на Suzuki, смета дека перформансите кои ги покажал Хуан Мир во изминатата година доволно покажуваат дека пред него има светла иднина.

gg732543

Но, и покрај тоа, потпишувањето на договор со дваесет годишниот Шпанец преставува сериозен ризик. Пред само неколку месеци тој дебитираше во средата класа и засега не е во позиција да ги предизвика најдобрите возачи во серијата.

Дури ни Марк Маркез и Маверик Вињалес не беа толку неискусни кога го правеа преминот. До првата трка од следната сезона, Мир ќе има 56 стартови. За разлика од него, Вињалес  имаше 68 додека пак Маркез, десет старта повеќе.

Но, луѓето кои работат со него и кои го познаваат сметаат дека нема да му биде потребно премногу време да се прилагоди на новата средина.

Кристијан Лундберг прв пат потпиша договор со Мир во тимот на Leopard Racing, откако претходно тој имаше импресивен настап на Red Bull Rookies купот во 2014 година. Талентираниот Шпанец потоа беше дел од  2015 FIM Јуниорскиот Светски Шампионат.

„Имавме мотоцикл со добар мотор,“ вели Лундберг. „Но сепак беше тешко да се победат Сане и Булега. И покрај тоа, тој победи на четири или пет трки. За жал немавме пари за да вложиме повеќе и голема среќа е тоа што мотоциклот остане без никакви штети целата сезона. “

Во меѓувреме, Пит Бенсон е тимски шеф во тимот на Marc VDS Moto2. Под негово водство, Мир има одлични настапи и веќе се искачи на подиумот за време на трката во Франција.

Разговаравме со двајцата за да откриеме што е она што го убеди Suzuki  да потпише договор со него за сезоните 2019 и 2020.

Природна способност

Ниту еден возач нема доминирано така над своите ривали како што го направи тоа Мир минатата сезона во Moto3 серијата. На крај тој заврши со десет победи, само една помалку од рекордот на Валентино Роси во најмалата класа.

„Ниту еден возач не победил на десет трки во Moto3 шампионатот“, вели Лундберг. Тоа е навистина тешко. Во, ред, Валентино Роси победи на единаесет трки, но тој настапуваше со официјален мотоцикл на Aprilia. Ја немаат таа можност сите возачи.“

„Сега мотоциклите горе-долу се исти. Претходно имаше голема разлика помеѓу фабрички мотоцикл и мотоцикл стар две години.За Валентино беше лесно да победи на единаесет трки.“

„Уште од почеток можевме да видиме дека вози одлично,“ вели Бенсон кој посвети особено внимание на перформансите на Мир од почетокот на 2017 година. „Немаше многу трки каде што беше во водство од почеток па се до крај. Обично беше некаде на петтото или шестото место и потоа во последните неколку круга ќе притиснеше и ќе ги претекнеше останатите возачи. Јасно ни беше дека е силен и дека знае да го процени моментот кога треба да нападне. Тоа го немаат многу возачи.“

И неговата адаптација во Moto2 не траеше долго. Бенсон вели: „Генерално, тој се прави добро. За многу кусо време се адаптираше.“

Знае што сака

Ова беше една од работи кои ги забележа Бривио кога преговараше со Мир на почетокот на годината. „Можете да го забележите тоа преку начинот на кој разговара, има многу чисто размислување. Знае што сака, мотивиран е и посветен.“

А тоа може да се види и преку неговиот настап, а добар пример кој ја покажува неговата самодоверба можевме да видиме кон крајот на сезоната 2016.

Мир и Леопард само што ја завршија солидната дебитанска кампања во Moto 3 на мотоциклот на КТМ. Тој постигна победа, два пати се искачи на подиумот и го привлече вниманието на Том Јојиќ, одговорното лице за јуниорската класа. Но тој сакаше промена.

„Извозе една трка со Honda на Филип Ајленд во 2015 година бидејќи Хироки Оно не беше таму,“ вели Лундберг. „Се бореше за победа и веднаш му се допадна мотоциклот.“

„Уште од самиот старт немаше добро чувство со КТМ. Победи една трка во Австрија и беше брз. На крајот на сезоната, искрено бевме брзи со мотоциклот на КТМ. Секоја трка се бореше за првите неколку места. За време на трката во Мисано, иако стартуваше од 26-та позиција, сепак на крајот беше трети.“

„Но уште одамна му се допаѓаше Honda и побара од нас да се префрлиме на тој мотоцикл. Ако не го сторевме тоа, ќе го напуштете тимот. Вложивме голем напор и моравме се да купиме одново. Но на крајот ја освоивме титулата и ова беше многу важно за нас.“ Лундберг вели дека воопшто не жалел за инвестицијата. „Знаев дека е добар уште од првиот пат кога го видов на мотоциклот.“

Лудберг вели дека во ист стил продолжил да вози и во 2017 година. „Знаеше дека е побрз од другите и воопшто не се плашеше од трките. Можеби ќе стартуваше од шестнаесетата позиција, но знаеше да ми каже, не грижи се, мотоциклот е добар и утре ќе имам добра трка. Имаше голема самодоверба. Му се допаѓаше мотоцикло и само ако имаше некој голем проблем знаеше да побара да го смениме.“

Работна навика

За возач кој само што наполнил дваесет години, Мир големо внимание посветува на физичката подготвеност. Поминува многу времена мотоциклот и кога е надвор од тркачката патека. Заедно со неговиот тренер, Томас Комас, тој вложува многу за да ја подобри својата флексибилност.

„Тој има навистина добра тренинг програма,“ вели Лундберг.  „Кога тренира со мотоциклот, се обидува да ги повтори истите потези кои ги прави Марк Маркез. За време на тренинзите тој можеби ќе падне неколку пати но само за да види до каде е лимитот. Тој навистина сериозно го сфаќа тренингот. За него тоа не е забава. Многу малку возачи размислуваат на тој начин.“

„Има одлична контрола над мотоциклот и знае каде е неговиот лимит. Истото тоа го прави и Маркез во MotoGP. Кога тренира, тој пред себе има поставено јасна цел. Да се справи со сите компликувани ситуации кои би можеле да се појават.“

Однесување

Надвор од трките, Мир е многу културен. „Тој е еден од најнормалните луѓе,“ вели Бенсон. „Многу е сличен на Морбидели. Знае многу работи, а исто така има и добар баланс во однос на приватниот живот. Сака да победува на трките но исто така сака и да се забавува.“

Иако понекогаш не е целосно задоволен од мотоциклот, не се жали. „Понекогаш знае да каже, мотоциклот не е сто проценти подготвен, но остави го така бидејќи ќе можам да се справам со него,“ вели Лундберг. „Бидејќи добро го познава мотоциклот, за него е посигурно да го вози истиот отколку некој друг .“

Каков ќе биде неговиот настап во 2019 година?

Каков настап ќе има во MotoGP? Бенсон воопшто не се сомнева. „Ќе се адаптира. Ако работи со луѓе кои ќе му даваат правилни насоки, нема да му треба многу време. Тој има добри луѓе околу него и мислам дека за кратко време ќе ги научи сите работи.“

„Мислам дека ако продолжи да напредува во ист стил, на крајот на сезоната нема да му останат многу работи заучење. “

Со ваквото мислење се сложува и Лундберг. „MotoGP е потешко и поразлично. Но сигурен сум дека за две години ќе се бори со најдобрите возачи.“

Back To Top