Не сакајќи да биде погрешно разбран за неговиот „Коперфилд“ коментар, Бијаџи повторно се огласи преку твитер.

Max-Biaggi 

Бијаџи даде дополнително објаснување на коментарот за Роси, овојпат конкретно пишувајќи што сакал да каже.

За време на неодамнешното интервју во шоуто Studio Sport XXL, Макс Бијаџи изјави: „Валентино Роси е како Коперфилд! И покрај двете неуспешни сезони тој има шампионски мотор“.  Во однос на шансите за шампионска титула на Роси, додаде: „Само во мислите на некои луѓе Валентино може да победи“.

Многу Италијанци го видоа коментарот на поранешниот светски супербајк шампион како уште еден напад на Роси, присетувајќи се на добрите стари времиња кога расправијата помеѓу нив двајца ги делеше мото фановите во земјата.

Сепак поранешните ривали значително ги подобрија односите во последните неколку години, а Роси дури стана и еден од следбениците на Бијаџи на твитер.

Не сакајќи да биде погрешно разбран за неговиот „Коперфилд“ коментар, Бијаџи повторно се огласи преку твитер.

„Кога кажав дека Роси е како Коперфилд, тоа го мислев како комплимент. Само магионичар како него би можел да се врати после две тешки години. Не е воопшто лесно повторно да се вратиш во Yamaha и да работиш со Лоренцо. И на двајцата им посакувам многу среќа“.

Бијаџи ќе дебитира како Супербајк коментатор овој викенд.

Back To Top