Кал Кратчлоу вели дека воопшто не чувствува болка во зглобот кога е на мотоциклот но кога ќе се симне од него е друга приказна.

Кал Кратчлоу вели дека не чувствува голема болка во зглобот кога го вози неговиот LCR Honda MotoGP мотоцикл но признава дека состојбата е многу полоша кога ќе се симне од него.Вели, се чувствувам како секое утро да ме удира автобус.

Британскиот возач го имаше својот прв настап на патеката во Сепанг после ужасната повреда која ја доби за време на трката која се возеше на Филип Ајленд минатиот октомври.

Кратчлоу го заврши последниот ден од тестовите како најбрз возач на Honda и се најде на шестата позиција со заостанување од 0.541 секунди од времето кое го постигна Данило Петручи. Вели дека доколку не паднел, сигурно ќе постигнел и подобар резултат.

И покрај тоа што два пати излета надвор од патеката за време на тестот, еднаш за време на вториот ден и еднаш за време на третиот ден, возачот на LCR Honda помина без никакви повреди. Признава дека е изненаден од тоа што нема никаква болка во зглобот кога настапува со RC213V.

Cal Crutchlow Txt 14 02

„Ситуацијата е подобра отколку што очекував. Во споредба со минатата недела , морам да признаам дека се чувствувам полошо, но тоа и може да се очекува после три дена тестови“ ,  изјави Кратчлоу. „Мислев дека состојбата ќе ми биде многу полоша а во текот на ноќта успевам да го намалам отокот.“

„Денеска ме болеа прстите на стапалото. Тоа не ми се случило одамна и во еден момент почнаа многу да ме чешаат. Се уште бавно го движам стапалото но освен тоа немам никаков друг проблем. Се чувствувам во добра форма со оглед на тоа дека три месеци не се имав качено на мотоциклот.“

„Немојте да ме разберете погрешно, но секое утро кога ќе се разбудам се чувствувам како да ме удрил автобус.“

„Кога сум на мотоциклот добро се чувствувам. Проблемот настанува кога ќе се симнам од него. “

Бидејќи ги пропушти двата пост сезонски тестови во Валенсија и Херез, Кратчлоу вели дека треба да работи побрзо за да му се врати чувството но и да ги прилагоди сетинзите на новиот мотоцикл.

И покрај бавниот напредок, смета дека тимот ги нема повеќе проблемите со предниот дел на мотоциклот со кои се соочуваа минатата сезона.

„Минатата сезона обично падовите настануваа бидејќи премногу го оптеретувавме предниот дел од мотоциклот. Но сега чувството е сосема поинакво“ , објаснува Кратчлоу.

„Можеби го имаат подобрено тој дел и сега треба да ги прилагодиме сетинзите.  Мораме да разбереме дека предниот дел на мотоциклот е нашата посилна страна. Секогаш до максимум се обидуваме да го искористиме тој дел. Но гледаме видеа и од останатите тимов и забележуваме дека тие се повеќе компетитивни од нас. “

„Оваа недела имав можнст да ги возам и двата мотоцикли. Но пропуштив два теста со мотоциклот за 2019 година. “

Back To Top