MotoGP

Кратчлоу: Предниот дел на Honda е нашата силна страна

Кал Кратчлоу зборува за односот меѓу намалувањето на притисокот на пневматиците и оддржувањето на предноста која ја има предниот дел на мотоциклот.

Следете нè на:

 

Кал Кратчлоу зборува за односот меѓу намалувањето на притисокот на пневматиците и оддржувањето на предноста која ја има предниот дел на мотоциклот.

Не е никаква тајна дека една од целите на Honda во новата сезона е да се намали притисокот врз предната гума а со тоа да се овозможи возачите да настапат со помек пневамтик.

Но, како што вели возачот на LRC, Кал Кратчлоу, причината поради која возачите на Honda толку многу внимание посветуваат на предната гума е бидејќи предниот дел на мотоциклот е нивната најсилна страна.

„Предниот дел на мотоциклот е нашата силна страна“ , изјави Кратчлоу. „Но голем дел од времето возачите премногу се ослонуваат на предниот дел.  Ја користиме предноста се додека можеме. Поради тоа вршиме преголем притисок на предниот дел и се случуваат несреќи.“

„Во моментов, чувствувам дека предниот дел на мотоциклот не е ист како и минатата година. Барем таква е кај мене состојбата. Мислам дека мотоциклот за сезоната 2019 е подобар само треба да се прилагодам на него. Пропуштив два теста со овој мотоцикл и поради тоа се уште го немам пронајдено вистинскиот сетап.“

Cal Crutchlow txt 21 02

За време на тестот во Сепанг, Кратчлоу беше најдобриот возач на Honda.

„Севкупно гледано, HRC заврши одлична работа со новиот мотоцикл. Можеме да бидеме компетитивни и со нетрпение чекам да почне сезоната.Сепак, има простор за напредок.“

Актуелниот шампион и возач на Honda, Марк Маркез тестот во Сепанг го заврши на единаесетата позиција.Сепак, Кратчлоу вели дека тој се уште не го покажал целосниот потенцијал.

„Марк не притискаше многу. Возеше само онолку колку што му треба. Доколку сакаше можеше да биде и побрз но ова се тестови и работиме според однапред подготвена програма.“

„Мислам дека мотоциклот на Honda, и покрај топлото време, беше еден од најдобрите на патеката. Имаме уште три дена тестови и не можам да дочекам да почне тестот во Катар.“

Возачот на LRC исто така смета и дека тест возачот на Ducati, Данило Петручи ќе биде едно од изненадувањата оваа сезона.

„Петручи ќе му прави голем притисок на Довициозо“, вели Кратчлоу, додавајќи притоа дека #9 е потценет бидејќи доаѓа од Супербајк серијата.

Петручи се приклучи на MotoGP во 2012 година а претходно настапуваше во Европскиот Суперсток 1000. Кратчлоу пак е еден од само неколкуте возачи кои имаат победа во WorldSBK и MotoGP.

Последниот пред-сезонски тест ќе се оддржи оваа сабота на патеката во Катар. На патеката ќе се појави и Хорхе Лоренцо за кого ова ќе биде прв настап оваа година.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Што правите кога шест цилиндри едноставно не ви се доволни.

Ова е електричниот мотоцикл Curtiss Zeus 8, продукциска верзија на концептот V8 Hera.

Историја на LS2 кацигите.

Сите MotoGP тест тимови ќе бидат дел од дводневните тестирања кои ќе се одржат на патеката во Финска.

Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.