Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Оваа трка беше причина за прво доаѓање во Европа за 36 годишниот Австралијанец по пауза од три години. Поголем дел од времето тој го поминува на својот ранч заедно со соругата и двете ќерки, а работи и како коментатор за MotoGP трките.

„Живеам во Австралија, северно од Бризбејн во едно мало градче кое се вика Малени. Таму пораснав и сега таму имам земјиште. Одгледувам бобинки, имам крави, а мојата сопруга чува и неколку коњи. Но исто така има и многу простор за неколкуте мотоцикли.“

vermeulen 2

Повремено соработувам и со неколку производители во Автралија, особено Suzuki. Исто така имам соработувано и со BMW.

„Голем дел од времето го поминувам возејќи го мојот Beta 300s. Имам и Suzuki RG500 од 1985 година како и Yamaha RZ500. “

Какво е чувството кога возиш оф роуд?

„Јас сум тркач со мотоцикл. Возењето на улица е сосема различно од она на што сум навикнат. Тука има многу места за возење и многу земја што значи дека можеш малку да се опуштиш без да внимаваш да не прекршиш некој закон.“

„Возам со неколкумина добри пријатели и секогаш се натпреваруваме. Постојано се шегуваме ако некој успее да се искачи на некој рид, а друг не може. Гледаме многу кенгури и други животни кога возиме. Понекогаш можеш да налеташ и на некоја змија. Единствено што не сакаш да направиш е случајно да се удриш во кенгур бидејќи тие се навистина големи животни.“

„Исто така тука имаме и големи игуани и ако случајно удриш некоја од нив, сигурно ќе паднеш од мотоциклот.“

Вермулен вели дека вози и со некои поранешни натпреварувачи но сепак тоа е поретко со оглед на тоа дека живее во Австралија.

vermeulen 3

„Понекогаш знам да возам и со Кејси Стонер бидејќи живееме многу блиску еден до друг. Возам и со Трој Бејлис. Но бидејќи живеам во Австралија не ги гледам многу често моите поранешни колеги. Искрено, ова е мое прво патување во Европа после три години. Понекогаш си праќаме пораки но шансите да се видиме со многу ретки.“

Дали уште возиш на тркачки патеки?

„Не. Како што кажав претходно, соработувам со неколку компании и тоа може да биде на Филип Ајленд. Но многу малку возам. Ги повредив колената кога бев дел од Светскиот Супербајк шампионат и не можам повеќе од 20 минути да бидам во иста позиција.“

„Кога бев дел од трките, омилена патека ми беше Лагуна Сека. Во однос на патеките кои се уште ги посетувам морам да кажам дека тоа е Филип Ајленд. Тоа за мене беше домашна трка. Од една страна тоа можеби и не е добро, поради притисокот од фановите, но таа е навистина кул патека.“

Дали ти недостасува тркањето?

„Кога се повлеков, девет месеци имав проблеми со коленото. Тоа исто така беше и период кога веќе станувате стар за тркање и почнав да размислувам за основање на семејство.“

vermeulen 4

„Не сакав децата да ми израснат во таква средина бидејќи кога сте натпреварувач, 10 месеци од годината поминувате во Европа. Не сакав да ги земам децата со мене, а воопшто да не ги видам. Или пак тие да растат, а јас постојано да бидам на пат. Затоа и одлучив да се повлечам, но многу е полесно да го кажете тоа отколку да го направите.“

„Мислев дека можам да правам тестови за некои тимови или пак да бидам дел од Австралиската Супербајк серија бидејќи се уште имав желба да се натпреварувам. Сепак, кога ми се роди првата ќерка, желбата за тркање ја снема.“

„Тркањето е вашиот цел живот но кога ќе имате семејство, работите се поинакви. Не можете да бидете толку себични. “

vermeulen 5

И покрај тоа што се повлече од трките за да му се посвети на семејството, поранешниот Суперспорт шампион вели дека ќе ги поддржи неговите деца доколку одлучат да бидат дел од некој шампионат.

„Имам две ќерки и затоа мислам дека нема да бидат толку заинтересирани. Но со оглед на тоа дека имаме неколку навистина добри жени тркачи, тешко да се каже што би можело да се случи во иднина.“

„Сепак, ако сакаат тоа да го прават, ќе ги поддржам, на истиот начин како што би ги поддржал и доколку одлучат да прават нешто друго во животот.“

„Имам некоку помали мотоцикли дома и понекогаш возиме заедно. Навистина уживаат во тоа. Но мојата жена се занимава со одгледување на коњи, а тие го сакаат и тоа. “

Надвор од трките Вермулен сега гради кариера како коментатор. Ова е негова четврта година пред камерите, а Австралијанецот признава дека ваквата промена била навистина тешка.

vermeulen 6

„Кога започнав да работам на телевизија беше навистина тешко бидејќи после некое време си помислив дека ова не е за мене. Сакав да зборувам за мотоциклите но мислев дека тоа не треба да биде на телевизија. Но, еве сум во мојата четврта година тука.“

„Кога се тркаш, имаш моменти кога не си среќен но мораш да разговараш со медиумите. Возачите се платени за да се натпреваруваат и да ги промовираат производите. Работата на медиумите е да ги извлечат информациите од возачите и да го промовираат спортот.“

„Некои возачи не ја гледаат страната на новинарот, а голем дел од медиумите не знаат низ што поминува возачот. Мислам дека имам голема почит од возачите бидејќи во минатото и јас бев дел од нив. Знаеш речиси исто колку и возачот, а многу повеќе од луѓето кои те гледаат на телевизија. “

Back To Top