Фабио Куартараро ги објаснува причините за спектакуларниот пад на трката во Силверстоун.

Фабио Куартараро ги објасни причините кои доведоа до несреќата на трката во Силверстоун а во која настрада и Андреа Довициозо. Во пресрет на трката, Французинот беше еден од возачите за кои се сметаше дека ќе можат да му се спротистават на Марк Маркез. Сепак, трката за него траеше само неколку секунди откако се лизна додека беше на четвртата позиција. На неговиот М1 потоа директно налета беспомошниот Довициозо.

„Ринс ме претекна, но јас можев да го поминам Џек Милер од надворешната страна на првиот свиок“, објасни Куартараро. „Но Ринс загуби контрола над заднто тркало а јас агресивно ја затворив гаста за да не се удрам во него. Потоа, за жал, се лизнав.“

„Ова беше навистина чудна ситуација бидејќи ако Ринс не се лизнеше се ќе продолжеше да се одвива како што треба.“

„Не сум единствениот возач на кој му се случило нешто вакво во овој свиок. Вакво нешто се случувало во минатото и се што можам да кажам е дека ова е еден обичен тркачки инцидент.“

„Едноставно немав среќа. Но на ова треба да гледаме и како на едно добро искуство. Имавме добар старт и во текот на викендот научивме многу нови работи.“

Quartararo Silverstone txt 27 08

На прашањето како може да се случи нешто такво кога имаме контрола на тракцијата и софистицирана електроника, Ринс вели: „Мислам дека не се работи за контрола на тракцијата.  Повеќе станува збор за гаста. Кога видов што направи Ринс агресивно ја затворив гаста и тогаш ја загубив стабилноста. “

Милер, кој беше веднаш зад Французинот во моментот на инцидентот има свое објаснување за се она што се случи.

„Вообичаено во тој свиок влегуваме со трета брзина и мотоциклот е подготвен за тоа. Но кога така тргнувате од стартот, вие возите во втора брзина“, изјави Австралиецот. „Кога возите во втора брзина имате многу поголема моќност и треба да бидете внимателни. Третата брзина е многу помазна. “

Во однос на тоа дали пропуштил шанса за победа, Куартараро вели дека имал добра брзина со која барем ќе ги предизвикал Ринс и Маркез.

„Мислам дека нашата брзина беше многу добра во текот на загревањето. Иако поминавме 16 кругови, сепак имавме резултат од 1 минута и 59 секунди. Брзината беше добра но секако не можете да знаете дали имате шанса за победа. Но на хартија, имавме добро време.“

„Секако дека има што да се научи. Сите одбраа да возат со цврсти пневматици и многу е потешко отколку со меки или средни гуми.“

„Но научивме многу работи и откривме како можеме да бидеме побрзи. Бевме добри на секоја сесија. Сега само треба да почекаме до трката во Мисано но сигурен сум дека и таму ќе бидеме брзи.“

Во однос на физичката состојба, Куартараро додаде: „ Добар сум. Имав среќа што не скршив ништо. Се надевам дека и Довициозо е добар бидејќи тој многу полошо падна.“

Французинот подоцна се пожали на проблеми и беше утврдено дека има контузија. Веднаш беше однесен во болница а неговиот тим подоцна потврди дека се е во ред со него.

Back To Top