MotoGP

Куартараро најбрз на првиот слободен тренинг

Фабио Куартараро продолжи онаму каде што застана на минатата трка и постигна најдобро време на првиот слободен тренинг на својата домашна MotoGP трка.

Следете нè на:

Фабио Куартараро продолжи онаму каде што застана на минатата трка и постигна најдобро време на првиот слободен тренинг на својата домашна MotoGP трка.

Фабио Куартараро продолжи онаму каде што застана на минатата трка и постигна најдобро време на првиот слободен тренинг на својата домашна MotoGP трка. Некаде на половина од својот настап, Валентино Роси остана без ланецот на мотоциклот.

Откако Џек Милер и Марк Маркез постигнуваа најдобро време во досегашниот дел од сезоната, резултатот кој го постигна Куартараро кон крајот на својот настап, 1 минута 31.986 секунди беше доволен да го искачи на првото место.

Двацата возачи на фабричкиот тим на Ducati, Андреа Довициозо и Данило Петручи ги освоија второто и третото место. Интересен настап имаше Валентино Роси кој поради проблеми со ланецот мораше привремено да се повлече од тренингот. Откако го зема резервниот мотоцикл, Роси во последниот круг успеа да се пробие меѓу најдобрите десет возачи на патеката.

Quartararo LeMan Txt 17 05

Неговиот тимски колега, Маверик Вињалес дојде до четвртата позиција. Ова за Monster Yamaha севкупно гледано беше добар настап  и покрај проблемите кои ги имаше Роси.

Маркез се најде на петото место а веднаш зад него беше возачот на Red Bull KTM, Пол Еспаргаро кој возеше со карбонска вилушка на својот RC16.

Милер беше уште еден возач кој се најде подолу на табелата откако дојде до седмата позиција. Сепак на крајот тој беше подобар од возачот на Suzuki, Јоан Мир и Јохан Зарко од Red Bull KTM.

Франческо Бањаиа немаше премногу добар настап и на крајот се најде на тринаесетата позиција. Но и покрај тоа тој беше подобар од возачот на Repsol Honda, Хорхе Лоренцо, кој излета надвор од патеката во свиокот број 8.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Уште една трка помалку во календарот за 2020, со денешната одлука на Дорна, и трката во Јапонија се откажува во целост.

Со денешната одлука на Дорна откажани се трките во Британија (Силверстоун) и Австралија (Филип Ајленд).

Официјално денеска беше ставен потпис на договор со кој Џек Милер ќе биде еден од возачите за фабричкиот тим на Дукати во 2021 со можност договорот да се продолжи на уште една година.

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

На 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.