Фабио Куартараро вели дека немало да може да заспие доколку не ризикувал во борбата во последниот свиок со Марк Маркез.

Фабио Куартараро вели дека немало да може да заспие се до следната Гран При трка во Јапонија доколку не ризикувал во борбата во последниот свиок со Марк Маркез.

Откако беше во водство уште од самиот старт на трката која ја почна од пол позицијата, Куартараро и Маркез имаа интересна борба за првата позиција во последниот круг од трката во Тајланд.

Возачот на Repsol Honda најпрво го претекна пред свиокот број 3 но сепак Куартараро беше подобар во последните два сектори од патеката. Ова значеше дека во последниот свиок ќе се дознае кој ќе заврши на првото место.

Французинот, кој настапува за Petronas Yamaha се обиде од внатрешната страна да го претекне Маркез но со својот YZR-M1не можеше да го блокира Шпанецот и да го спречи да дојде до победа.

 DSC3950

Трката многу наликуваше на онаа која се возеше во Мисано и која заврши со истиот резултат. Сепак, на трката во Тајланд дебитантот во MotoGP имаше поголеми шанси за победа.

„Во Мисано, не се обидов да направам ништо во последниот свиок.  Тука се обидовме“, изјави Куартараро. „Го претекнав но не знаев дали може да се врати. Потоа го видов неговото тркало и бев навистина нервозен.“

„Бев многу блиску до победа и поради тоа се чувствувам помалку фрустрирано. Сепак, среќен сум што можев повторно да се борам со Марк. Сите знаеме дека оваа сезона, освен на трката во Остин, тој постојано е во борба за место на подиумот.“

„Искрено, во тој момент не размислував.  Но си реков дека ќе се обидам бидејќи инаку немаше да можам да заспијам се до трката во Јапонија. “

И покрај фрустрациите, Куартараро вели и дека научил неколку позитиви работи од трката и борбата со осумкратниот шампион.

„Секако дека во моментов емоциите ми се измешани но можеме да бидеме горди на она што го направиме денеска. Го предизвикавме шампионот во последниот свиок од последниот круг“, вели Куартараро.

„Одиме чекор по чекор но денеска бевме навистина блиску до победа.  Во последниот свиок влеговме први но за жал не успеавме на крај да завршиме на истата позиција. Со нетрпение чекам да почне следната трка и да се обидеме повторно да го предизвикаме.“

Куартараро ја зголеми предноста на 24 поени во однос на возачот на Pramac Ducati, Џек МИлер во борбата за најдобар независен возач. Со освоеното второ место, Французинот сега се доближи на само 2 поени разлика од Валентино Роси.

Back To Top