Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC). Супо ја започна својата кариера во MotoGP во тимот на Ducati Corse во 1999 година како маркетинг директор за трките. Во 2010 година премина во HRC, а од 2013 година стана и шеф на екипата.

5a09d95d7ee042.57722206

Тој го напушта тимот една година пред истекот на неговиот договор. Со оглед на тоа дека Маркез ја освои титулата кај возачите, а Honda кај конструкторите, одлуката е зачудувачка, но Супо изјави дека е време за промена.

Што е следно за Италијанецот? Малку одмор и кариера во поинаква индустрија се чини како најреална опција, но сепак времето ќе покаже што ќе се случи понатаму.

„Ми беше голема чест да работам за HRC во изминативе осум години. Тоа беше големо професионално и лично искуство и засекогаш ќе и бидам благодарен на компанијата што побара од мене да бидам дел од нејзината историја,“ изјави Супо.

„После 22 години во светот на мото трките, мислам дека е време да побарам нови предизвици. Го напуштам тимот знаејќи дека и следната сезона ќе бидат компетитивни бидејќи Марк и Дени се многу силни а и инжинерите, како и секогаш, ќе подготват одличен мотоцикл.“

„Никогаш нема да го заборавам времето кое го поминавме заедно и уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите во HRC.“

Back To Top