Ние четворицата сме фаворити, но секогаш може да има изненадувања па затоа не би сакал да прогнозирам – Хорхе Лоренцо.

PA1249538

Ние четворицата сме фаворити, но секогаш може да има изненадувања па затоа не би сакал да прогнозирам – Хорхе Лоренцо.

Бранителот и двоен светски MotoGP шампион Хорхе Лоренцо смета дека тој е еден од четирите фаворити  за сезоната 2013.

Италијанскиот веник La Gazzetta dello Sport  ја цитираше изјавата на Шпанецот:  „Треба мене да ме победат бидејќи јас победив на минатиот шампионат, но и Педроса победи на многу трки минатата сезона, вклучувајќи го и финалето, па и тој треба да биде фаворит. Тука е и Маркез.

„Валентино исто така е кандидат, сигурно не заборавил како да победува. Ние четворицата сме фаворити, но секогаш може да има изненадувања па затоа не би сакам да прогнозирам“.

За седумкратниот MotoGP шампион Валентино Роси, кој повторно се приклучи на тимот на Yamaha,  Лоренцо изјави:  Имам голем респект кон сите MotoGP возачи... Валентино освои многу, постигна голем успех, тој е комплетен возач и нема слабости, освен можеби неговата возраст.

„Моја слаба страна се стартовите, а исто така и кога е влажна патеката морам да се подобрам. Но ние (Роси и јас) ќе ги имаме истите шанси оваа година и истиот Yamaha мотор.“

Лоренцо оваа година ќе ја вози неговата шеста MotoGP сезона, сите како дел од тимот на Yamaha.

Лоренцо и Роси ќе заминат во Индонезија за да бидат дел од настаните за односи со јавноста на тимот на Yamaha, пред да ги започнат тестирањата за новата сезона заедно со нивните ривали на патеката Сепанг на 5ти февруари.

Back To Top