MotoGP

Лоренцо ќе настапи на трката во Силверстоун

Хорхе Лоренцо ќе се врати на патеката овој викенд и ќе настапи на трката која се вози во Силверстоун.

Следете нè на:

 

Хорхе Лоренцо ќе се врати на патеката овој викенд и ќе настапи на трката која се вози во Силверстоун.

После четири недели пауза поради повреда, Хорхе Лоренцо е подготвен за настап на Британската Гран При трка. Шпанецот беше надвор од трките откако на патеката во Асен скрши два пршлени.

Поранешниот MotoGP шампион има проблем да се прилагоди на RC213V и се уште не завршил една трка меѓу најдобрите десет возачи иако првите неколку круга од трката во Каталуња покажаа дека има некаков напредок.

Но, на тестот кој се одржа после трката тој повторно падна а немаше среќа ниту на трката во Асен каде што го повреди грбот.

Lorenco txt 22 08

„Многу е добро што повторно се враќам во тимот, помина долго време од трката во Асен“, изјави Лоренцо. „Би сакал да се вратев порано но поради сериозноста на повредата морав подолго време до одмарам.“

„Иако бев надвор од патеката работев напорно за да бидам подготвен за настап во Силверстоун. Сепак, знам дека ќе ми биде потребно време за да ја вратам посакуваната брзина. Задоволен сум што се враќам и што ќе продолжам да работам со тимот. Целта ни е да продолжиме да напредуваме и да дојдеме до посакуваните резултати.“

Во изминативе неколку месеци кружеа голем број на шпекулации во однос на иднината на 32-ве годишниот возач. Некои луѓе велеа дека ќе се пензионира додека пак други сметаа дека ќе премине во Petronas Yamaha. Сепак на крајот најголеми се шансите тој да остане уште една година во HRC.

Неговиот тимски колега, Марк Маркез во моментов е лидер на шампионатот со предност од 58 поени. На патеката во Силверстоун ,Лоренцо постигна една од најважните победи во неговата кариера откако во последниот круг  на трката која се возеше во 2013 година успеа да го победи Маркез.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

Стурџис, мал град во Јужна Дакота, САД, е место за кое најверојатно немате слушнато освен ако не го следите релито “Sturgis Motorcycle”.

Кои возачи можат да му се спротистават на Марк Маркез на трката која овој викенд се вози во Арагон.

Авантуристичките модели во моментов се едни од најпродаваните мотоцикли во светот. Но дали ги знаете најчестите грешки кои ги прават возачите на вакви мотоцикли? Еве како да ги избегнете.

КТМ одлучи веднаш да го замени Јохан Зарко.

Мото клубот Вардар слави 41 година од своето формирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.