MotoGP

Лоренцо: Марк ми ја уништи трката

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

Следете нè на:

 

Хорхе Лоренцо го обвини Марк Маркез за лошата трка како и за повредата на ногата која ја доби за време на настапот во Арагон. Возачот на Ducati, кој стартуваше од пол позицијата во првиот свиок беше претекнат од својот иден тимски колега. И двајцата возачи во свиокот влегоа премногу широко. Сепак, ситуацијата на Лоренцо беше далеку полоша откако најпрво почна да му се лизга тркалото, а потоа три кратниот Светски шампиион летна високо во воздух.

lorenco sanmarino

„Доколку гледате од страна ви се чини дека премногу брзо влегов во свиокот, дека се навалив повеќе отколку што треба и дека поради тоа излетав,“ изјави Лоренцо.

„Но сметам дека правилно влегов во кривината, исто како што го правев тоа и во изминатите седум години тука во Арагон.“

„Го видов Марк како премногу агресивно влегува од внатрешната страна на свиокот. Кога виде дека јас сум од надворешната страна, не сакаше да ме пушти, немав друг избор освен да излетам надвор од патеката. Морав да ја отпуштам гаста бидејќи во спротивно ќе загубев шест до седум позиции.“

„Не очекував задната гума така да почне да се лизга, инаку немаше да ја отпуштам гаста. Немав повеќе опции. За разлика од Мизано каде што падот беше по моја вина, овој пат погреши Марк кој ја уништи мојата трка. Најверојатно тој ми ја зеде и можноста да победам на трката во Тајланд.“

Лоренцо беше изнесен надвор од патеката, а подоцна беше потврдено дека има скршеница на десното стапало како и повреда на палецот. „Докторите велат дека за десет дена ќе видиме каква ќе биде состојбата.“

„Нема да се жалам кај организаторите на трката. Но, она што многу повеќе ме лути е тоа што сите кои ја гледаа трката мислат дека јас направив грешка. Но тоа не беше така, а Марк точно знае што се случи. Не ми остави простор. Немав никаков простор и морав да излетам надвор на патеката.“

Прашан ако може поточно да објасни зошто потегот на Маркез беше погрешен, Лоренцо изјави: „На почетокот кога почнавме да сопираме, ме претекна. Кога јас влегов во свиокот за да не го удрам, морав да влезам малку пошироко.

„Морав да излезам надвор од патеката, а кога таму ја отворив гаста, ми се случи несреќата. Тој не ми дозволи да влезам во свиокот и воопшто не му беше грижа за мене. Не ми дозволи да влезам во свиокот. Тој многу доцна притисна на сопирачките и воопшто не мислеше на излегувањето од свиокот.“

Дали Лоренцо ќе го покрене ова прашање за време на следниот состанок на безбедносната комисија?

„Нема да одам таму бидејќи мојот распоред е преполн. Но мислам дека ќе отидам после трката во Тајланд. Сепак, сметам дека тоа нема ништо да промени.“

„Не сакам да го променам мојот стил на возење, но мислам дека ќе морам да го направам тоа во иднина, барем кога станува збор за некои возачи.“

Ваквите претекнувања, кои се многу чести во Мотокрос и Суперкрос категориите, се случувата кога еден возач намерно го блокира патот на друг возач, во моментот кога и двајцата се наоѓаат внатре во свиокот. Ова прави да се откаже да се откаже возачот кој се наоѓа од надворешната страна.  И двајцата загубија драгоцено време во текот на овој потег, но тој станува обврска на директорите на трката само ако помеѓу возачите се случи некаков контакт.

„Тоа не е нелегално, но според мене тоа треба да биде џентелменски договор“, изјави Лоренцо.

Маркез, кој за разлика од Лоренцо настапи со мека задна гума, победи на трката по фантастичниот дуел кој го имаше со другиот возач на Ducati, Андреа Довициозо.

Сепак, Лоренцо верува дека доколку успееше да го помине првиот свиок, тогаш сигурно ќе успееел да им избега на своите ривали.

„Бев подготвен да бидам компетитивен во првите неколку круга и сакав да направам разлика со останатите возачи.“

Ова за Лоренцо е втора трка по ред како не успева да ја извози до самиот крај. Сега тој заостанува 44 поени зад Довициозо со борбата за второто место на табелата.

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.