MotoGP

Лоренцо за Honda: Ми одговара повеќе отколку Ducati

„Хорхе Лоренцо го има првото интервју како возач на Repsol Honda и открива какво е чувството кога вози со RC213V.“

Следете нè на:

 

„Хорхе Лоренцо го има првото интервју како возач на Repsol Honda и открива какво е чувството кога вози со RC213V.“

Петкратниот Светски шампион се најде на насловните страници на сите спортски магазини во 2018 година откако одлучи да премине во фабричкиот тим на Repsol Honda.  Тој ќе биде замена за Дани Педроса и ќе биде колега со актуелниот шампион, Марк Маркез.

Иако Лоренцо имаше дозвола од Ducati да  биде дел од пред сезонските тестови на својот нов тим, тој сепак имаше забрана да разговара со медиумите. Но, откако му заврши договорот со Ducati, тој и официјално стана нов возач на Honda.

Тимот објави видео во кое Шпанецот споделува каква му била првата реакција откако се качи на MotoGP машината на Honda и како му се одвива адаптацијата.

„Минатата година возев со сосема различен мотоцикл. Тој беше многу голем и висок“ , вели Лоренцо. „Можеби беше малку преголем за мене. Мотоциклот на Honda ми одговара повеќе во однос на димензиите. Тој е покомпактен и помал и можам полесно да го навалувам.“

„Имам поголема самодоверба кога влегувам во свиоците, бидејќи колку си поблиску до асфалтот, толку самодовербата ти е поголема. Првата импресија е позитивна и видов голем потенцијал кај мотоциклот.“

lorenzo on honda 2

На вториот тест кој го имаше Honda на патеката во Херез, мотоциклот на Лоренцо претрпе одредени промени.

„Една од работите кои навистина ме импресионираа беше подготвеноста на тимот веднаш да реагира доколку имаш некоја забелешка“, вели Лоренцо. „Знаеја за што зборувам и после само неколку дена беа направени промените токму онакви какви што ги замислував.“

Во однос на тоа дека преминува во најуспешниот MotoGP тим кој имал 15 возачи кои биле Светски Шампиони, Лоренцо вели дека е подготвен за предизвикот кој е пред него.

„ Repsol Honda е можеби најуспешниот тим во историјата. Тие имаат најголем број на победи и титули. Доколку го споредите со некој фудбалски тим, тие би биле нешто како Реал Мадрид и Барселона. Не постои тим кој има поголема важност од нив“ , вели Лоренцо.

Тој ќе му се приклучи на Маркез на официјалната презентација на тимот која ќе се случи на 23-ти јануари во Мадрид, а веднаш потоа ќе замине на првиот официјален тест кој ќе се оддржи на патеката во Сепанг од 1-3 февруари.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Што правите кога шест цилиндри едноставно не ви се доволни.

Ова е електричниот мотоцикл Curtiss Zeus 8, продукциска верзија на концептот V8 Hera.

Историја на LS2 кацигите.

Сите MotoGP тест тимови ќе бидат дел од дводневните тестирања кои ќе се одржат на патеката во Финска.

Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.