Формула 1 шампионот, Луис Хамилтон, ќе го посети Катар за да и даде поддршка на Petronas Yamaha Sepang.

Новиот Petronas Yamaha Sepang MotoGP тим може да добие сериозна подршка за време на својот прв настап во серијата откако се појавија гласини дека петкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, ќе го посети тимот во Катар.

Според Crush.net, возачот на Petronas Mercedes на патот кон Австралија каде што треба да се оддржи првата трка од Формула 1 серијата, планира да одвои време и да присуствува на првата трка од MotoGP серијата која ќе се оdдржи престојниот викенд.

Хамилтон, кој постојано изјавува дека е голем фан на серијата и кој минатиот декември заедно со Михаел ван дер Марк и Алекс Ловс возеше Yamaha R1M на патеката во Херез, не посетил некоја трка од MotoGP шампионатот уште од трката во Каталуња во 2014 година.

Hamilton MotoGP Txt 1 04 03 2019

Заедничкиот спонзор, Petrons, како и изјавата на извршниот директор на компанијата за време на презентацијата на тимот во Јануари, наговестува нешто друго: „Не би бил изненаден ако Petronas наскоро успее да го договори Луис Хамилтон на некој начин да се вклучи во целиот проект. Ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи.“

Новите возачи на тимот, Франко Морбидели и Фабио Куартараро, за Crush.net изјавија дека би биле навистина среќни доколку му овозможат на Хамилтон да му се исполни неговиот сон, настап со MotoGP мотоцикл.

Таков тест би бил возможен само после завршувањето на Формула 1 сезоната но се чини дека Хамилтон следниот викенд ќе има можност одблизу да се запознае со мотоциклот.

Back To Top