MotoGP

Марк Маркез во трка со времето да биде подготвен за првиот MotoGP тест

Неизвесен настапот на Марк Маркез на првиот MotoGP тест. Актуелниот шампион се уште се опоравува по операцијата на рамото.

Следете нè на:

 

Неизвесен настапот на Марк Маркез на првиот MotoGP тест. Актуелниот шампион се уште се опоравува по операцијата на рамото.

MotoGP шампионот Марк Маркез, вели дека се уште не е доволно опоравен по операцијата која ја имаше на рамото и дека не може со прецизност да каже дали ќе биде подготвен за првиот официјален MotoGP тест кој ќе се оддржи помеѓу 7-ми и 9-ти февруари.

За време на последниот MotoGP тест кој се оддржа во Шпанија, Маркез го дислоцира десното рамо. Слична повреда доживеа и на патеките во Тајланд и Малезија.

Беше одлучено што е можно побрзо да замине на операција со цел да има доволно време за опоравување пред да почнат официјалните тестови.

Пред точно една година, Маркез имаше иста ваква операција но овој пат на левото рамо. Сепак, Шпанецот се надева дека сега побрзо ќе се врати во форма.

 DSC3637 copy copy

„Би сакал рехабилитацијата да биде подобра“, изјави Маркез неодамна.

„Минатата година имав операција на левото рамо и рехабилитацијата беше поинаква. Овој пат, иако изгледа полесно, сепак не е се така едноставно. Искрено се надевам дека ќе бидам подготвен за тестот во Малезија.“

Дали би можел Марк Маркез да го пропушти стартот на MotoGP тестовите?

Шпанецот ништо не препушта на случајноста и сигурно изјавата дека можеби нема да биде целосно подготвен за стартот на тестовите е наменета за неговите ривали.

Сепак, сигурно е загрижен за неговата здравствена состојба со оглед на тоа дека имаше сериозни повреди на двете рамења. Иако Маркез беше одличен минатата сезона, сепак тој беше возачот кој имаше најмногу падови за време на тркачките викенди.

Всушност, од 2013 година па се досега, ниту еден возач нема паднато повеќе пати од него. Неверојатна статистика со оглед не големиот број на титули кои ги освои.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На патеката Лосаил во Катар денеска започна официјалниот пред-сезонски тест.

По тимовите на ДукатиХонда, Јамаха, Сузуки, Петронас и КТМ, и тимот на Априлија официјално ги претстави боите на мотоциклите за 2020.

Откако се појави скица од новиот дизајн, јасно можеме да видиме како би изгледал новиот мотоцикл.

Андреа Довициозо одби да потврди дали ќе остане во Ducati и по завршувањето на сезоната 2020 откако се појавија гласини дека во текот на зимската пауза, тимот имал разговори со неколку возачи.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

„Ако продолжиме да работиме напорно исто како и во изминативе 16 месеци, ќе имаме добра сезона“ - Џек Милер.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 14 Март 2020 - 14 Март 2020
  • Beertija Pub
  • Frederik Shopen 4, 1000 Skopje

  • 28 Март 2020 - 28 Март 2020
  • Bad Boys Bar
  • Кочани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.