„Ако гледате отстрана, ќе видите луѓето како велат што прави Лоренцо? Но јас не размислувам така.“ – Хорхе Лоренцо пронајде неочекуван сојузник во Марк Маркез по трката во Каталуња.

Марк Маркез застана во одбрана на Јорхе Лоренцо по контроверзниот инцидент кој го предизвика на патеката во Каталуња а во кој излета главниот ривал на неговиот тимски колега, Андреа Довициозо.

Со четвртата победа оваа сезона, Маркез ја зголеми предноста на табелата. Во тоа многу му помогна и излетувањето на Довициозо во вториот круг.

Лоренцо се обидуваше да го претекне Вињалес во борбата за третото место но во еден момент загуби контрола над предниот дел и дојде во контакт со мотоциклот на Довициозо. Во инцидентот, надвор од патеката завршија и Вињалес и Роси.

Маркез немаше никаков проблем да ја заврши трката на првото место и ја зголеми предноста на 37 поени. Кога го прашаа да даде свој коментар за инцидентот, Шпанецот застана на страна на Лоренцо.

Lorenzo Cataluna txt 17 06

Маркез призна дека и самиот тој направил грешка во свиокот број 10 и додаде дека неговите ривали едноставно во погрешно време биле на погрешно место.

„Секако ако гледате отстрана ќе се прашате што прави Лоренцо но јас поинаку гледам на работите“, изјави Маркез.

„Лоренцо беше во вистинската линија на движење. За жал загуби контрола над предниот дел. Дови и Вињалес не се движеа по нивната линија и за жал дојдоа во контакт со мотоциклот.“

„Кога имаш два или три мотоцикли пред тебе, секогаш има можност да се лизнете. Такво нешто се случи и пред четири години во Австралија кога Ианоне го удри Хорхе. Всушност, она што го направи Ианоне беше многу полошо.“

„Голема штета за другите возачи е тоа што Хорхе загуби контрола. Може да се каже дека на ова влијаеше и полниот резервоар за гориво кој го имаше неговиот мотоцикл.“

Маркез и Лоренцо имаа контакт и за време на третиот слободен тренинг а актуелниот шампион  веднаш потоа имаше интересен разговор со својот тимски колега.

Back To Top