MotoGP

Маркез го покори и Тајланд

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Следете нè на:

 

 Веднаш по стартот на трката Маркез го задржа првото место од пол позицијата која ја имаше, следен од Валентино Роси. Кал Крачлоу имаше одличен старт, од петтото на третото место, но веднаш потоа позицијата ја завзема Довициозо.

markez misano copy copy

Позициите останаа непроменети се до 4-от круг кога Роси изби на чело на колоната, следен од Довициозо и Маркез. Овој распоред го следевме се до 11-от круг, кога Маркез и Довициозо решија да нападнат на првата позиција. Временските прилика беа главен фактор на денешната трка, пеколно жешкото време влијаеше на трошењето на гумите па затоа возачите тактизираа. 

Колоната од 8 возачи кои беа еден зад други ја сочинуваа Маркез, Довициозо, Роси, Вињалес, Зарко, Ринс и Педроса. На 11 круга до крајот Довициозо беше првиот човек кој го зголеми темпото, и тогаш компакноста на групата се растури, оставајќи ги првите тројца во борба за победа.

Во продолжение темпото повторно опадна што му овозможи на Вињалес да се доближи до водечката тројка, а потоа и да го помине својот клубски колега. Ова беше одличен викенд за тимот на Јамаха кој долго време се трудеше да ги подобри перформансите на мотоциклот и да се доближи до оние на Хонда и Дукати.

Финалните три круга беа навистина возбудливи за гледање, Маркез и Довициозо се бореа со сите сили да дојдат до победата, а Вињалес чекаше грешка на водечките двајца која би го искачила скалило погоре на подиумот. Битката траеше до последниот свиок, а Маркез не ја повтори грешката од минатите трки и ја задржа водечката позиција. Довициозо ја помина целната линија на втората позиција, а Вињалес ја искачи Јамаха на подиумот во она што беше разлика од 3 десетинки помеѓу тројцата возачи на пиедесталот.

До крајот на шампионатот преостануваат уште 4 трки, а Маркез е на одличен пат да ја завери седмата титула во кариерата.

#ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторРазлика
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 39'55.722
2 20 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +0.115
3 16 25 Maverick VIÑALES SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +0.270
4 13 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +1.564
5 11 5 Johann ZARCO FRA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +2.747
6 10 42 Alex RINS SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +3.023
7 9 35 Cal CRUTCHLOW GBR LCR Honda CASTROL Honda +6.520
8 8 19 Alvaro BAUTISTA SPA Angel Nieto Team Ducati +6.691
9 7 9 Danilo PETRUCCI ITA Alma Pramac Racing Ducati +9.944
10 6 43 Jack MILLER AUS Alma Pramac Racing Ducati +11.077
11 5 29 Andrea IANNONE ITA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +15.488
12 4 55 Hafizh SYAHRIN MAL Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +17.691
13 3 41 Aleix ESPARGARO SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +21.413
14 2 21 Franco MORBIDELLI ITA EG 0,0 Marc VDS Honda +22.802
15 1 38 Bradley SMITH GBR Red Bull KTM Factory Racing KTM +23.628
16   45 Scott REDDING GBR Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +23.804
17   17 Karel ABRAHAM CZE Angel Nieto Team Ducati +32.507
18   10 Xavier SIMEON BEL Reale Avintia Racing Ducati +37.216
19   81 Jordi TORRES SPA Reale Avintia Racing Ducati +39.204
20   12 Thomas LUTHI SWI EG 0,0 Marc VDS Honda +39.421
21   44 Pol ESPARGARO SPA Red Bull KTM Factory Racing KTM +53.388
22   30 Takaaki NAKAGAMI JPN LCR Honda IDEMITSU Honda 2 круга
Без пласман
    26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 8 круга

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.