„Марк Маркез имаше успешна операција на левото рамо и сега ќе започне со рехабилитација која ќе трае шест недели“

Актуелниот MotoGP шампион имаше операција во вторникот (4-ти Декември), само една недела откако го заврши последниот тест за оваа сезона на патеката во Валенсија. Операцијата беше извршена во болницата во Барселона од страна на докторот Хавиер Мир и неговите асистенти.

Таа имаше за цел да го реши проблемот со дислокација на рамото кој веќе подолг период го мачеше Маркез. Во следните два дена тој ќе остане во болница а потоа го чека шест неделна рехабилитација. 26 годишниот возач се надева дека ќе биде целосно подготвен за тестот во Сепанг кој ќе се оддржи од 1-ви до 3-ти Фебруари следната година.

Во продолжение прочитајте го целото соопштение кое го испратија од Repsol Honda

marquez 2

„После успешно завршениот последен тест на патеката во Херез, актуелниот MotoGP шампион Марк Маркез замина на операција во Универзитетската болница во Барселона. Комплексната операција ја изврши докторот Хавиер Мир заедно со неговиот тим и имаше за цел да го реши проблемот со дислокацијата на левото рамо на возачот на Repsol Honda, проблем кој го имаше во текот на целата сезона. Се очекува тој да остане во болницата во следните 48 часа. Следната недела, во својот дом во Червера, тој ќе започне со шест неделната рехабилитација. Откако тоа ќе заврши ќе започне со тренинг за да се подготви за тестот во Сепанг кој ќе се оддржи во Фебруари.“

Back To Top