MotoGP

Маркез: Помалку паѓам, а повеќе се спасувам

MotoGP шампионот, Марк Маркез, вели дека шасијата, перформансите на моторот како и поголемата концентрација се главните причини зошто има толку малку инциденти за време на трките.

Следете нè на:

 

MotoGP шампионот, Марк Маркез, вели дека шасијата, перформансите на моторот како и поголемата концентрација се главните причини зошто има толку малку инциденти за време на трките.

Овој период минатата година, MotoGP шампионот Марк Маркез веќе имаше единаесет излетувања надвор од патеката а сезоната ја заврши со дваесет и три вакви инциденти. Оваа бројка е поголема од несреќите кои ги имаа другите возачи. Не треба да се заборави и дека неколку пати успеа чудесно да се спаси. Пред две години Маркез падна дури 27 пати.

Но оваа сезона возачот на Repsol Honda го допре асфалтот само шест пати а сите инциденти се случија за време на првите пет трки од сезоната. Доколку продолжи да вози вака, тогаш ќе ја подобри бројката која ја имаше во сезоната 2014 кога имаше единаесет излетувања.

„Минатата сезона на секоја трка имав различна облека бидејќи паѓав речиси секој викенд“, изјави Маркез по трката во Заксенринг. „Оваа година паднав само на тестот во Мисано. На трка ми се нема случено тоа уште од Ле Ман.“

„Ова е уште една статистика која се обидувам да ја подобрам.“

Оваа сезона видовме како неколку пати успева да се спаси и да не падне а тоа ни кажува дека Шпанецот се уште презема ризици. Но што е променето во споредба со минатата година?

„Мотоциклот на Honda не е лесен за возење а тоа го кажуваат и другите возачи кои го пробале“, изјави Маркез. Тој сепак потенцираше дека шасијата, перформансите на моторот како и поголемата концентрација се клучните разлики во споредба со минатата сезона.

„Се чини дека оваа година главниот момент е околу шасијата. Можеби на некои делови губиме но има делови и каде што добиваме. Исто така и моторот има поголема моќност и тоа ни овозможува да бидеме малку побезбедни во свиоците.“

„Но исто така голема улога има и концентрацијата.  Ако си добро концентириран, тогаш можеш да избегнеш голем број на несреќи.  Оваа година паднав само неколку пати но од друга страна многу пати успеав да се спасам.“

„Ако добро ја погледнете снимката ќе забележите дека овој викенд дури шест пати успеа да се спаси“, изјави возачот на LCR Honda, Кал Кратчлоу. „Доколку бев јас на неговото неговото место или пак некој друг возач, шест пати ќе падневме.“

Marquez txt 19 07

„Вистина е“ ,изјави Маркез. „Само во првиот свиок успеав неколку пати да се спасам, но тоа е така поради концентрацијата.“

„На пример, на тестот во Монтмело, не бев 100 проценти концентриран и загубив контрола над предниот дел. “

„Ова е начинот на кој се вози мотоциклот на Honda и на кој се постигнуваат добри резултати.“

А како актуелниот шампион ја подобри концентрацијата во споредба со претходните сезони?

„Тоа доаѓа со искуството. Но и атмосферата внатре во тимот помага.“

„Не велам дека во претходните години не бев доволно концентриран. Но кога имате поголемо искуство и кога знаете дека за време на тренингот не треба да притискате до максимум, тоа многу помага.“

„Се обидувам да бидам посмирен кога сум на тренинг.“

Предноста од 58 поени која Маркез ја има во однос на возачот на Ducati, Андреа Довициозо, сигурно ќе му помогне и во иднина да остане смирен.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Мотоциклистичката федерација на Македонија го објави календарот на трки за 2020 година.

Андреа Довициозо и Данило Петручи ги претставија мотоциклите со кои Ducati ќе настапи во новата сезона.

Објавена е конечната верзија на календарот за MotoGP сезоната 2020

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е нов дилер на брендот Кавасаки за Македонија.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.