MotoGP

Маркез: Речиси сум подготвен за првата трка од шампионатот

Марк Маркез се надева дека напорната рехабилитација која ја имаше во текот на зимата ќе ги даде потребните резултати за време на првата трка од новата сезона во MotoGP шампионатот.

Следете нè на:

 

Марк Маркез се надева дека напорната рехабилитација која ја имаше во текот на зимата ќе ги даде потребните резултати за време на првата трка од новата сезона во MotoGP шампионатот. Вели дека е речиси 100 проценти подготвен за трката во Катар.

Актуелниот светски шампион, поради операцијата на рамото, имаше напорни зимски подготовки на патеките во Сепанг и Катар во обид што е можно побрзо да се прилагоди на RCV213V кој има нови спецификации.

Маркез беше подложен на интензивна физикална терапија и беше целосно фокусиран на враќање во врвна форма за првата трка од сезоната. Вели дека има напредок но и дека можеби нема да биде целосно подготвен пред стартот на шампионатот.

„Конечно дојде времето кога повторно ќе се тркаме“ , изјави Маркез. „Оваа зима беше поинаква поради операцијата. Со помош на тренер вежбав по најмалку пет часа дневно се со една цел: да бидам во најдобра можна форма за првата трка од сезоната. “

„На тестот во Катар се чувствував многу подобро отколку за време на настапот во Малезија. Сега би можел да кажам дека сум речиси 100 проценти подготвен.“

Marquez txt 06 03

Маркез е задоволен од напредокот на Honda а тимот главно се фокусираше на преносот на моќта и издржливоста на пневматиците. Се надева дека ќе има добар настап на патеката во Лосаил.

„Honda направи многу за да го подобри мотоциклот и за време на тестовите бевме силни, особено на оваа патека на која во минатото не постигнувавме добри резултати. Но сепак, мораме да продолжиме да се подобруваме.“

„Катар отсекогаш важела за специјална патека, не само поради тоа што е прва во сезоната туку и бидејќи тука владеат специјални услови. Мораме да посветиме големо внимание на временските услови.“

Последната победа за Маркез и Honda на патеката во Катар се случи во 2014 година кога Шпанецот победи на првите десет трки од сезоната. Откако трката за прв пат почна да се оддржува во Лосаил во 2004 година, Јапонската компанија има постигнато само три победи.

Минатата сезона, Маркез заврши на втората позиција. Прв беше Андреа Довициозо а разликата меѓу двајцата возачи изнесуваше само 0.027 секунди.

Би можело да ве интересира

Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите.

Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.

Алваро Баутиста продолжува со перфектниот старт на новата сезона и стигна до нов хет трик од победи.

FIM потврди дека жалбата која тимовите ја поднесоа против Ducati ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд надлежен за MotoGP а сослушувањето треба да се одржи овој месец.

Алваро Баутиста го претекна Џонатан Реа и се најде на првото место по завршувањето на слободниот тренинг во Тајланд. Двајцата возачи постојано го подобруваа своето време.

Тимскиот менаџер на Suzuki, Давиде Бривио, тврди дека новиот уред на мотоциклот на Ducati има врска со аеродинамиката. Вели дека Suzuki поднесе жалба со цел засекогаш да се реши проблемот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.