Марк Маркез верува дека подобрувањето кое го има 2019 Repsol Honda значи дека тимот може да се бори за победа во Муџело за прв пат по 2014 година.

Лидерот во шампионатот, Марк Маркез очекува Repsol Honda да изврши сериозен притисок врз Ducati за време на Италијанската Гран При трка. Петкратниот MotoGP шампион нема добар резултат на оваа патека. Последен пат победи во 2014 година а од 2016 година се нема искачено на подиумот.

За разлика од него, главните ривали Ducati имаат одличен успех на оваа патека. Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо победија на трките кои се возеа во 2017 и 2018 година а тимот се надева дека добрите резултати ќе продолжат и оваа година.

Marquez txt 31 05

Сепак Маркез, кој на трката доаѓа со предност од осум поени во однос на Довициозо, верува дека може да дојде до добар резултат со оглед на подобрувањата кои ги има RC213V.

„Во 2017 и 2018 година има многу проблеми со предниот пневматик. Оваа година работите се променети и би требало да имаме подобар резултат“, вели тој. „Ќе се обидеме да бидеме компетитивни а исто така и ќе ги анализираме противниците.“

„Од трката во Катар па се до настапот во Ле Ман постојано се подобруваме, Затоа пристигнуваме во Муџело со многу позитивно чувство. Добро се чувствувам кога го возам мотоциклот. Знам дека на оваа патека немавме добри резултати во минатото но да не заборавиме дека понекогаш и победувавме. Минатата сезона имавме добро темпо но за жал излетавме надвор од патеката.“

„Знаеме дека оваа патека е важна за Ducati и Италијанските возачи. Сигурно ќе се обидат да победат. Важно е за нив да победат.“

Back To Top