Морбидели мисли дека е невозможно да се замени Докторот, директорот на Хонда го смета КТМ за сериозен тим, а Џонатан Реа го чека вистинскиот повик за да премина во МотоГП.

Новиот возач во MotoGP Светскиот шампионат, Франко Морбидели, верува дека ќе биде многу тешко да се замени поранешниот Светски шампион, Валентино Роси, откако тој ќе одлучи да се повлече од тркањето. Италијанецот вели дека е многу тешко за него бидејќи сите Италијански возачи имаат задача да го заменат Роси кога тој ќе се пензионира. „Ќе мораме да сториме се што можеме за да го замениме, а невозможно е еден возач да постигне се што Вале направи до сега,“ вели Морбидели.

701462

Џонатан Реа вели дека може да го покаже целосниот потенцијал во MotoGP но само доколку има вистински мотоцикл. Откако неодамна беше прогласен за „Спортист на годината“, Реа изјави дека не планира да премине во MotoGP доколку нема компетитивна машина. „Знам дека ако преминам во MotoGP со вистинскиот мотоцикл би можел да завршам одлична работа и да го покажам мојот потенцијал,“ изјави Британецот на прашањето дали некогаш бил блиску до премин во MotoGP. „Луѓето од MotoGP ме следат и мојот агент е свесен за тоа. Имав можности и во минатото но никогаш немав добар мотоцикл ниту пак фабричка поддршка.“

Лусио Чекинело, директорот на Honda, призна дека е изненаден од перформансите на КТМ оваа сезона и вели дека очекува следната година тие да бидат меѓу најдобрите десет екипи. Според него, КТМ е огромна компанија со голем број на способни инжинери. „Тие имаат одлично организиран тим и морам да признаам дека КТМ ги изненади сите со својот настап минатата сезона. Гледајќи ги резултатите, слободно можам да предвидам дека КТМ следната сезона постојано ќе биде меѓу најдобрите десет тимови“.

Извор: Crash.net

Back To Top