Италијанскиот производител на електрични мотоцикли Energica е избрана да биде единствен снабдувач во новата електрична, MotoGP класа, а планирано е да дебитираат на патеките во сезоната 2019.

Во новата серија, која ќе биде управувана од страна на поранешниот шеф на Michelin MotoGP, Николас Губерт, ќе настапуваат подобрени мотоцикли од „Ego road bike“ серијата на компанијата. Тие можат да произведат 145 коњски сили, имаат брзина од 240км/ч, а нивниот опсег изнесува помеѓу 130 и 160 километри.

br6w1540

А со оглед на тоа дека во основата на Италијанската компанија се наоѓа тркањето, извршниот директор Ливиа Цеволини вели дека се возбудени од можноста да ги откријат потенцијалите на компанијата.

„Горди сме што сме одбрани од страна на Dorna и веќе сме посветени на овој проект. Пасијата кон моторите се она што не донесе тука, да создадеме нови, совршени возила токму тука во Модена, Италија. Електричното поле го однесовме на едно поинакво ниво, секој наш модел подлежи на детални испитувања и тестови. Нашиот оддел за иновации е секогаш фокусиран на нови технологии и нивна примена.“

„Дел од нашата историја се трките, а нашата пасија за овој сектор никогаш не исчезна. „Moto-e“ е навистина интересен проект.“

Мотоциклот веќе има тркачко искуство преку Адам Чилд кој беше дел од 2017 Isle of Man TT. Еден круг тој успеа да го извози со просечна брзина од 130 километри на час.

Back To Top