Возачот на VR46, Франческо Бањаиа постигна доминантна победа на трката од Moto2 шампионатот која се возеше на патеката во Асен.

Бањаиа беше лидер на патеката од почеток до крај и целната линија успеа да ја помине со предност од 1.748 секунди. Победникот на трката на Каталонија, Фабио Куартараро имаше одлична трка и успеа да дојде до второто место. Ова за него беше втора трка по ред како успева да се искачи на подиумот. Откако во дваесет и првиот круг Лоренцо Балдасари мораше да се повлече од трката, Куартараро дојде на втората позиција додека пак Алекс Маркез беше трет.

737004

После првата половина од трката, Бањаиа имаше предност од 0.5 секунди во однос на останатите возачи. Најголем напредок имаше Балдасари кој стартуваше од тринаесетата позиција. После неколку круга тој успеа да ги претекне Шретер и Маркез и да дојде до второто место.

Бањаиа веќе имаше предност во однос на останатите возачи а Балдасари мораше да се бори за третото место. Мигел Оливеира кој имаше добар почеток на трката за жал не продолжи да вози во ист стил, а Куартараро беше оној кој имаше најдобро темпо. На четири круга до крајот на трката, Французинот најпрво го претекна Мир, а потоа во свиокот број осум успеа да го претекне и Шретер. Но Италијанецот мораше предвреме да ја заврши трката откако му се дупна задната гума. Во тој момент, Куартараро во свиокот број четири успеа да го претекне Маркез.

На крајот сепак никој немаше решение за Бањаиа кој остана лидер, а Куатараро и Маркез ги освоија останатите места на подиумот. Втора трка по ред Шретер завршува на четвртата позиција додека пак Мир беше петти. Иако стартуваше од седумнаесетото место, Оливеира заврши на шестата позиција. Неговиот тимски колега, Бред Биндер беше седми.

Откако за прв пат во својата кариера стартуваше од првиот ред, возачот на VR46, Лука Марини трката ја заврши на осмото место, а Сем Ловс, втора трка по ред завршува на деветата позиција. Веднаш зад Британецот се најде Андреа Локатели кој успеа да го претекне сонародникот Матиа Пасини. На крајот на трката, двајцата Италијанци се најдоа на десетото, односно единаесетото место. Аугусто Фернандез (Pons HP40) заврши на дванаесетата позиција додека пак Хорхе Наваро (Federal Oil Gresini Moto2), Доминик Аегертер (Kiefer Racing) и Симоне Корси (Tasca Racing Scuderia Moto2) ги освоија останатите места на табелата кои носат поени.

Со оваа победа, Бањаиа ја зголеми предноста во однос на Оливеира на 16 бодови. Следната трка од шампионатот ќе се оддржи во Захсенринг на 15-ти јули.

Back To Top