ФИМ му ја озема лиценцата за 2018, сегашниот тим го избрка, идниот го отпушти, а итој самиот изјави дека се повлекува од трките. Сепак приказната не е готова, Фенати ќе треба да се појави и на суд.

Продолжува приказната по инцидентот кој го предизвика Романо Фенати на трката во Мизано. Италијанската новинска агенција, АНСА извесува дека тој би можел да се соочи со обвинение за напад.

Според агенцијата, јавниот обвинител на Римини отворил истрага за напад наместо за обид за убиство. Сепак, вакво обвинение за некој кој е дел од мото трките ќе создаде сериозен преседан.

Фенати, при голема брзина ја притисна сопирачката на Стефано Манци. Двоецот во текот на трката неколкупати беше блиску до контакт. И покрај тоа што инцидентот беше сериозен, двајцата возачи поминаа без никакви повреди.

Фенати, првично доби забрана за настап на две трки. Казната потоа беше зголемена на шест трки откако FIM одлучи да ја суспензира неговата лиценца.  Неговиот тим се реши да ја прекине соработката со него, а истото го направи и  MV Agusta за кој требаше да настапува во сезоната 2019. На крајот и тој самиот одлучи целосно да се повлече од трките.

Back To Top