Возачот на Marc VDS, Франко Морбидели, беше прогласен за шампион за 2017 година во Moto2 шампионатот уште пред да почне трката во Малезија откако единствениот негов ривал, Томас Лути, не доби дозвола да стартува поради повредата со која се здоби за време на квалификациите.

morbideli sampion

Морбидели, кој стартуваше од пол позицијата и покрај тоа што падна за време на квалификациите, во пресрет на трката имаше 29 поени предност пред Лути и му беше потребно само да ја извози трката до самиот крај со цел да стане шампион.

Лути, кој падна за време на квалификациите, го скрши левиот зглоб. Поради повредата, тој не само што ја пропушти трката во Малезија, туку големи се шансите да го пропушти и своето деби во MotoGP бидејќи требаше да му се придружи на Морбидели на трката која за две недели ќе се вози во Валенсија.

Back To Top