По гласините дека MotoGP ќе тестира на патеката Termas de Río Hondo во Аргентина во 2013


По гласините дека MotoGP ќе тестира на патеката Termas de Río Hondo во Аргентина во 2013, и покрај фактот дека настанот беше откажан оваа година, веб страната на MotoGP официјално потврди дека некои тимови ќе тестираат на новата GP патека.

termas dromo web1440 original

Дводневниот тест ( дали е приватен тест или Dorna ќе ги плати трошоците за превоз) е закажан за првата недела на Јули, веднаш по трката во Асен.Неколку тимови – Honda, Ducati и Yamaha (но веројатно нема да бидат фабричките тимови на Yamaha и Honda како и тимот на LCR Honda  бидејќи тие веќе тестираа во Остин) и нивните возачи ќе го посетат главниот град Буенос Аирес и ќе учествуваат во неколку настани организирани за медиумите.

Детали од распоредот за тестирање на официјалниот тест во Аргентина како и целосна листа на медиумски активности и информации за оние кои ќе учествуваат ќе бидат објавени наскоро.

Back To Top