„Ако продолжиме да работиме напорно исто како и во изминативе 16 месеци, ќе имаме добра сезона“ - Џек Милер.

Ducati не покажа премногу добри резултати на MotoGP тестот во Сепанг. За време на трите дена, возачот на Pramac, Џек Милер, заврши на петото, второто и осмото место. Признава дека му е потребно уште време за да се прилагоди на пневматиците на Michelin.

Но возачот кој доаѓа од Австралија веќе се чувствува удобно на новиот GP20 и вели дека ако продолжат да работат напорно како и во изминативе 16 месеци, ги очекува добра година.

„Бевме брзи во изминативе три дена“, кратко изјави Милер. „Постепено почнувам да се чувствувам добро на мотоциклот. Машината работи навистина добро, конзистентна е и моќна.“

„Мислам дека треба продолжиме да работиме на ист начин за тестот во Катар и да се обидеме да извлечеме максимум од потенцијалот на пневматиците. Некои од возачите денеска имаа добра брзина. Едно е да имате добра брзина а друго е да сте конзистентни. А мотоциклите на Yamaha беа прилично конзистентни во текот на целиот викенд.“

„Генерално гледано, во моментов мотоциклот е прилично добар“, додава Милер. „Но мораме да отидеме на друга патека за да видиме што треба да подобриме. Мислам дека ситуацијата во Катар ќе биде сосема поинаква со оглед на тоа дека ќе има песок на патеката. Ќе биде интересно да видиме каков резултат ќе постигнеме таму.“

 DSC3265

Во последниот период многу се зборува во однос на тоа дали новите пневматици на Michelin ги подобруваат перформансите на мотоциклите како што се Suzuki или Yamaha. Милер смета дека тие не прават предност за одредени тимови и дека многу зависи од самиот возач и неговиот настап на патеката.

„Мислам дека гумата е добра и дека многу зависи од тоа како возите. Секој возач со кој имам разговарано на оваа тема вели дека тие многу им помогнале. Очигледно е дека на сите им се допаѓаат. Но една е ситуацијата кога тестирате а сосема е поинаку кога се тркате. Тогаш ќе се види кој ќе има најголема корист од нив. “

Милер планира да продолжи да работи напорно со цел да го повтори резултатот од минатата година, која му беше најуспешна во MotoGP кариерата.

„Ако продолжиме да работиме на вистинскиот начин, како што правевме во изминативе 16 месеци, мислам дека ќе имаме добра сезона. Треба само да одиме дел по дел.“

На два од трите дена тестови во Сепанг, Милер беше најдобриот возач на Ducati. За време на последниот ден, најдобар беше неговиот тимски колега Франческо Бањаиа.

А со оглед на квалитетот кој го има Ducati, можеме да очекуваме навистина интересна борба за тоа кој да стане нов фабрички возач во 2021 година.

Back To Top