Победникот на Француската Гран При трка, Алекс Маркез, планира да ја напушти Moto2 серијата и да премине во премиерната класа во сезоната 2020.

Победникот на Француската Гран При трка, Алекс Маркез, планира да ја напушти Moto2 серијата и да премине во премиерната класа во сезоната 2020. Неговиот менаџер Емилио Алзамора призна дека преговара Pramac Ducati за можноста братот на актуелниот шампион да му се приклучи на тимот следната година и  да му стане нов тимски колега на Пеко Бањаиа.

Ваквата информација доаѓа откако се појавија гласини дека и Марк Маркез по завршувањето на неговиот договор планира да ја напушти Honda и да премине во Ducati. Доколку се остварат работите, тогаш Алекс би требало да му обезбеди доволно информаци на својот брат во однос на тимот и дали вреди и тој да премине во фабричката екипа.

Актуелниот возач на Pramac Ducati, Џек Милер има едно годишен договор и тој не ја крие својата амбиција следната година да го замени Данило Петручи на фабричкиот мотоцикл. Во интервју за Италијанската интернет страна Gpone, Алзамора потврди дека веќе во тек се преговорите со тимот.

„Вистина е, разговараме со Pramac. Имаме добар однос со нив. Нормално е Алекс да мисли на премин во MotoGP. Секако, треба да се заслужи местото во некој сателитски тим а сметам дека Pramac е одлична екипа. “

Alex Marquez txt 28 05

Веста доаѓа откако актуелниот шеф на тимот, Џиџи ДалИгна ги предупреди своите возачи дека тие не се тука за да се борат за второто место и дека мораат да ги подобрат своите резултати. Се верува дека во моментов тие го имаат најдобриот мотоцикл на патеката а прилагодувањето на Маркез на новиот мотоцикл, за разлика од Лоренцо, не би требало да биде некој посебен проблем.

До крајот на договорот со Honda, Маркез би можел да го изедначи рекордот на Роси од девет титули. Тоа би било идеална шанса да испроба нешто ново. Во моментов многумина веруваат дека тој не може да биде еден од најдобрите возачи во историјата се додека не освои титули со два различни производители.

Помладиот од браќата Маркез ја вози својата петта сезона во средната класа но досега не успеа да стигне во титулата. Претходно, во 2014 година, тој ја освои титулата во Moto3 серијата. На трката која се одржа во Ле Ман, тој стигна до својата прва победа по 2017 година.

Back To Top