Планот е да имаме вајлд карта за Катар. Потоа, вкупно пет вакви настапи во текот на сезоната – Романо Албесиано , Aprilia

Aprilia се презадоволни од работата на новиот тест возач, Бредли Смит и планираат 5 вајлд карти за Англичанецот за време на сезоната 2019.

Зборувајќи во гаражата на Aprilia за време на тестот во Сепанг, техничкиот директор на тимот, Романо Абесиано потврди дека поранешниот возач на Tech3 и KTM ќе се врати на патеката за време на официјалниот тест во Сепанг, на тестот кој ќе се оддржи во Катар како и на првата трка од сезоната која исто така се вози во Катар.

„Ние сме презадоволни од Бредли“ , изјави Албесиано. „Тој веќе има многу позитивен допринос и одлично се покажа за време на тестовите. Планот е тој да оди на тестот во Катар и со помош на вајл карта да настапи на трката која ќе се вози таму. Најдобар начин за него да остане во врвна форма е да ги споредиме неговите резултати со оние кои ќе ги постигнат другите возачи.“

Aprilia Txt 4 2 2019 copy

Пристигнувањето на Смит како и на новиот возач на тимот, Андреа Ианоне, значи дека Aprilia не се брза да најде сателитски тим.

„Мислам дека во моментов не ни треба сателитски тим и повеќе од доволно е што имаме тројца врвни возачи“, изјави Албесиано. „Преферираме да имаме квалитетни информации.“

„Мислам дека оваа година имаме голем квалитет и ова преставува само почеток во градењето на еден успешен проект.“

Но дали позитивното деби на 2019 RS-GP се должи на квалитетните информации како и новата структура на тест тимот. Во Сепанг, Алеш Еспаргаро беше најдобар  од возачите кои се најдоа на патеката а Смит заврши на шестото место.

„Ова беа навистина позитивни три дена. Започнавме од резултатите кои ги имавме на тестот во Херез во ноември и каде што откривме некои навистина интересни работи. Тука со Бредли само ги потврдивме тие работи,“ објасни Албесиано.

„Потоа ги тестиравме истите работи и со Алеш и од него добивме позитивен одговор. Ова наликува на круг кој се собира после еден долг и комплициран процес. Ова е добро за нас бидејќи значи дека системот функционира.“

„Тркачкиот мотоцикл никогаш не е целосно готов но мислам дека имаме добра основа. Има напредок кај шасијата но и кај електрониката. Пред почетокот на сезоната исто така ќе имаме напредок и кај моторот.“

„Натпреварувањето оваа сезона ќе биде уште потешко но мислам дека ние се движиме по вистинската насока.Но ќе видиме дали тоа ќе биде доволно.“

Aprilia Txt 2 04 02 2019 copy

Но еден возач на Aprilia се уште не ја дал својата оценка за новиот мотоцикл.Андреа Ианоне ги пропушти тестовите поради болки во забот.

Но потврдата од Смит и од Еспаргаро му дава сигурност на Албесиано дека и Ианоне ќе има слично мислење. Ова особено важи и бидејќи Италијанецот учествуваше во развојот на мотоциклот во текот на зимата.

„Андреа се уште не тестирал но убеден сум дека и него ќе му се допадне“, вели Албесиано.

„Кога имате нов возач, особено некој кој има големо искуство со добри мотоцикли, тој ќе ви помогне да се издвоите од останатите. Таков е случајот и со Андреа и веднаш ги разбравме неговите коментари за развојот на шасијата и електрониката.“

„Андреа ќе ги почне тестовите за два дена па ќе видиме какви ќе бидат резултатите. Ќе мораме од моторот да извлечеме поголема моќност а електроиката ќе треба да работи помалку.“

За време на официјалниот тест, Ианоне и Еспаргаро на располагање ќе го имаат новиот мотоцикл но исто така и стариот RS-GP. Повеќе машини за сезоната 2019 ќе бидат направени откако целосно ќе бидат утврдени спецификациите.

За крајот, Албесиано зборуваше и за неговата нова улога, сега откако стана технички директор.

„Претходно бев вклучен во разни аспекти од тимот. Сега откако ќе можам да се фокусирам само на техничкиот апсект ќе ми биде многу полесно. Ми доаѓа како да се враќам на работата која ја сакам. Масимо е врвен професионалец и мислам дека ќе бидеме многу посилни со него во тимот.“

Back To Top