Господинот ван дер Стратен сега ќе ја преземе лидерската позиција во Marc VDS

Постигнат е договор за разрешување на менаџерскиот конфликт во Marc VDS. Во индина, сопственикот на тимот, Марк ван дер Стартен ќе го преземе управувањето со екипата, а досегашниот шеф Михаел Бартоломју ќе си замине.

Сепак, сѐ уште не е познато дали Marc VDS и следната сезона ќе биде дел од MotoGP класата бидејќи има гласини дека тимот сака да се посвети исклучиво на својата победничка екипа која ја имаат во Moto2 серијата.

motogp gp of the americas 2018 michael bartholemy estrella galicia 0 0 marc vds team princ 8385468

Исто така има гласини дека Бартоломју би можел да биде дел од новиот сателитски Yamaha MotoGP проект кој има големи шанси да биде составен дел или на VDS или на Aspar.

Во продолжение прочитајте го целосното соопштение што го испратија од VDS.

„Господинот Марк ван дер Стратен и господинот Михаел Бартоломју денеска постигнаа заеднички договор за прекин на соработката. Ваквата одлука се должи на различните пристапи во стратегијата. Изминативе неколку недели беа тешки за сите кои беа дел од Marc VDS Racing и тоа не дефокусирааше од нашата основна цел, а тоа е победувањето на трките. Со овој договор, одново ќе можеме да се фокусираме на нашата главна цел,“ изјави ван дер Стратен.

Како што изјави ван дер Стратен, при носењето на ваквата одлука воопшто не биле земени во предвид обвинувањата кои се појавија во медиумите, пред се во однос на можната проневера која ја направил Бартоломју.

„Во осум години колку што поминавме заедно, Марк и јас постигнавме многу, освоивме две титули и го етаблиравме Marc VDS Racing тимот како еден од најуспешните и најсилните. Навистина сум горд поради тоа,“ изјави Бартоломју.

„Сепак, ниту едно партнерство не трае вечно и денеска одлучивме да заминеме по различен пат. Со нетрпение чекам да почнам со работа на некој нов предизвик и би сакал на Марк и на целиот тим да им посакам голем успех во иднина. “

Господинот ван дер Стратен сега ќе го преземе управувањето со тимот и ќе се обиде да дојде до третата титула во Moto2 шампионатот.

Back To Top