Бен Спиз ќе ја има честа, заедно со Колин Едвардс, да учествува на првата MotoGP трка која ќе се одржи во неговата родна  држава Тексас.

spies-austin

Бен Спиз ќе ја има честа, заедно со Колин Едвардс, да учествува на првата MotoGP трка која ќе се одржи во неговата родна држава Тексас.

„Никогаш не помислив дека тоа ќе се случи,“ изјави Спиз.

Како и повеќето возачи и Спиз го пропушти приватниот тест кој се одржа во Март, но барем успеа да извози неколку кругови на обичен мотоцикл. Од тоа искуство заклучи дека треба уште многу да учи.

„Пред  неколку недели успеавме да извозиме околу триесет кругови на уличен мотоцикл. И порано морав да научам неколку патеки, но мислам дека оваа е нај техничката, долга патека на која сум бил,“ изјави тој. „Има многу слепи свиоци кои се отвараат или се стеснуваат. Многу брзи но и спори делови. Има многу драстични промени на патеката.“

„Околината и височината се одлично искористени. Патеката е од светска класа.“

Во недела, Спиз ќе го има вториот старт за Pramac Ducati. Реално би било тој да продолжи да ја подобрува состојбата на своето рамо, но бидејќи ова е прва трка на патеката во Остин, тој се надева на добар резултат. На денешниот прв тренинг тој забележа десетто време.

„Не знаевме што да очекуваме во Катар бидејќи имав направено само шест последователни брзи кругови. Поминавме низ тоа и се вративме на натпреварувачко ниво.“

„Би сакал да имам добар резултат во Тексас. Ќе биде тешко, но сигурно ќе дадеме се од себе.“

Во моментов има само еден 500cc/MotoGP шампион од Тексас, Кевин Шванц. Сепак, малку е веројатно дека тој ќе биде присутен овој викенд поради судскиот спор што го има со „COTA“ за промотивните права за MotoGP.

„Не би сакал да зборувам премногу за тоа бидејќи во тек е судска постапка,“ изјави претседателот на COTA, Стив Секстон. Жално е што стигна до тоа Кевин да поднесе тужба против компанијата. Тоа ќе мора да се реши преку судот.

Спиз додаде: „Би можел да кажам дека Кевин и јас сме навистина добри пријатели, но тоа едно од работите за кои не сум го прашал и незнам ништо. Кевин е голема MotoGP легенда и жално е што тој нема да биде тука.“

Back To Top