Големо изненадување претставува настапот на Малезиецот Хафиз Сиахрин кој заврши на четиринаесетото место иако многумина се сомневаа во неговите квалитети кога прв пат беше објавено дека ќе биде замена за Јонас Фолгер.

Дебитантите во MotoGP имаа успешен настап на првата трка од сезоната. Актуелниот Moto2 шампион Франко Морбидели имаше импресивна трка и на крајот се најде на дванаесетото место. Сепак, големо изненадување претставува настапот на Малезиецот Хафиз Сиахрин кој заврши на четиринаесетото место иако многумина се сомневаа во неговите квалитети кога прв пат беше објавено дека ќе биде замена за Јонас Фолгер.

morbidelli vs syahrin

Морбидели вели дека успеал да научи многу од настапот пред се поради можноста да се натпреварува со фабричките возачи во првиот дел од трката.

„Не очекував ваков резултат но ова беше навистина добра прва трка за мене. Среќен сум и особено поради посветеноста на тимот. Имав добра брзина но најважно е што успеав да ја завршам трката. На почетокот на трката се борев Хорхе Лоренцо и Маверик Вињалес и тоа беше добро чувство. Сега треба да продолжам да учам и да напредувам.“

Возачот на  Monster Yamaha Tech 3 Сиахрин пак вели дека по завршувањето на трката му станало јасно дека го чека уште многу работа.

„Ја завршив мојата прва MotoGP трка и успеав да се најдам на позиција која носи поени. Не очекував дека ќе постигнам такво нешто но ако сте целосно фокусирани и мотивирани, тогаш се е возможно. Исто така дел од работите на кои треба да обрнам поголемо внимание е и електрониката. За време на трката бев малку нервозен. Не сакав да направам некоја поголема грешка но сепак кратко се најдов надвор од патеката. Ја завршив трката и успеав да освојат два поени за тимот. Тоа ме прави навистина среќен.“

Back To Top