Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез повторно се запиша во историјата откако успеа да дојде до победа на трката која се возеше во Захсенринг. Валентино Роси (Movistar Yamaha) успеа да дојде до второто место и да се задржи на втората позиција во генералниот пласман. Подиумот беше комплетиран од неговиот тимски колега, Маверик Вињалес.

На почетокот на трката, водството го презеде Хорхе Лоренцо. Веднаш зад него се наоѓаше Данило Петручи додека пак Маркез беше третти. Добар старт на трката имаше и Роси кој од шестата се најде на четвртата позиција. Зад него беше тимскиот колега Вињалес како и возачот на Ducati, Андреа Довициозо.

740399

Не помина долго време на трката и Маркез се најде веднаш зад својот сонародник. Во меѓувреме, Роси успеа да го претекне Петручи во борбата за третото место додека пак возачот на LCR Honda Castrol, КалКратчлоу, предвреме ја заврши трката откако излета надвор од патеката во свиокот број 12.  Лоренцо долго време успеваше да ја одбрани првата позиција но сепак на крајот беше претекнат од Маркез. Возачот на Ducati сега мораше да се бори со Роси за да ја задржи својата позиција.

Роси успеа да го претекне Лоренцо но не можеше да му се доближи на Маркез. На крајот, возачот на Repsol Honda успеа да дојде до својата деветта победа на патеката во Заксенринг, притоа стартувајќи ги сите од пол позицијата.

Роси беше сигурен на второто место додека пак неговиот тимски колега, Маверик Вињалес до самиот крај се бореше за третата позиција. Најпрво, Петручи се обидуваше да го претекне Лоренцо а потоа на сцена стапи Вињалес кој успеа да ги претекне обајцата и да дојде до третата позиција.

Со освоеното четврто место Петручи беше најдобриот независен возач и на крајот заврши пред Алваро Баутиста (Angel Nieto Team) кој се најде на извонредната петта позиција. Баутиста неколку круга постигнуваше најбрзо време и на крајот успеа да заврши пред  Лоренцо кој беше шести.

Веднаш зад Лоренцо беше неговиот тимски колега Андреа Довициозо додека пак Дани Педроса беше осми. Јохан Зарко успеа да се опорави од катастрофалната квалификациска сесија и на крајот се најде на деветото место додека пак Британецот Бредли Смит беше десетти. Ова за неговиот тим КТМ е прво појавување меѓу најдобрите десет возачи оваа сезона.

Хафиз Сиахрин(Monster Yamaha Tech 3) беше најдобриот дебитант откако се најде на единаесетата позиција. Дванаесети беше Андреа Ианоне (Suzuki Ecstar) кој на почетокот беше дел од инцидентот кој го предизвикаа Пол Еспаргаро (Red Bull KTM Factory Racing) и Алекс Ринс (Suzuki Ecstar). Тоа исто така влијаеше и на Џек Милер (Alma Pramac Racing) кој на крајот заврши на четиринаесетото место. Тринаесетти беше Тито Рабат (Reale Avintia Racing) а на последната позиција која носи поени, односно петнаесетото место беше Скот Рединг (Aprilia Racing Team Gresini).

Back To Top