Единствените промени кои ги побараа од FIM беа: повеќе место помеѓу оградите, додавање на нови воздушни огради и отстранување на неколку рабници кои се користат во автомобилските трки.

race-in-Austin-a-go1

„Обиколката која ја имавме оваа недела беше само за да се подобрат некој безбедносни детали“ – Франко

Новиот безбедносен офицер на FIM, Франко Унцини, во вторникот ја посети патеката во Остин, Тексас пред првата MotoGP трка на патеката која ќе се одржи од 19 до 21 Април.

„Обиколката која ја имавме оваа недела беше само за да се подобрат некој безбедносни детали, бидејќи хомологацијата на патеката веќе е завршена“.

„Ние сме убедени дека настанот ќе помине без проблем бидејќи работиме со високо професионални луѓе кои имаа одлично деби минатата сезона во F1.“

Единствените промени кои ги побараа од FIM беа: повеќе место помеѓу оградите, додавање на нови воздушни огради и отстранување на неколку рабници кои се користат во автомобилските трки.

Repsol Honda, Yamaha и LCR Honda ќе учествуваат на приватен тест на патеката во Остин од 12ти до 14ти Март.

Back To Top