MotoGP

МотоГП: Хејден нема да настапи на Брно

motori hayden-indiТимот на Дукати на трката која викендов се вози на патеката Брно за ГН на Чешка ќе настапи само со Валентино Роси. 

Следете нè на:

 

hayden-indiНики Хејден беше без сознание неколку моменти по падот на Индијанаполис

Тимот на Дукати на трката која викендов се вози на патеката Брно за ГН на Чешка ќе настапи само со Валентино Роси. Ники Хејден ја повреди десната рака на квалификациите во Индијанаполис и ќе остане во САД за побрзо да закрепне од повредата. 

hayden-indi3„Тешко е кога мораш да пропуштиш трка. Немам некои посериозни проблеми но раката сеуште ми е отечена и не се чувствувам доволно јак за да ја возам трката. Повреда на десната рака за моторџиите е незгодна, па така доколку настапан на Брно и доколку повторно паднам или форсирам можам само да направам поголема беља. Освен раката поголем проблем е главата, имајќи во предвид колку време бев онесвестен, ништо чудно што сеуште имам главоболки.“

„По прегледите докторите како и сите во тимот ме советуваа да одморам малку. Иако не сакам да седам дома и ја пропуштам трката, а со тоа и бодови од неа, сепак ќе биде лудост да не ги послушам сите околу мене и тврдоглаво да отидам на Брно. Се надевам дека откако ќе се опоравам ќе можам да му надоместам на тимот, ова што го правам сега не е нешто што го сакам, но во моментот тоа е вистинската одлука.“

Би можело да ве интересира

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Валентино Роси верува дека Suzuki има постигнато најголем напредок за време на зимските тестови.

Шефот на Ducati, Џиџи Дал’Игна ги отфрли обвинувањата дека е нелегален додатокот кој го има на нивниот мотоцикл и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.

Honda Rebel 500 има многу модерен изглед. Голем дел од елементите се позајмени од секторот на спортски мотоцикли, а тие му даваат елегантен и модерен изглед.

Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите.

Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.