motori pedroza-stonerХонда направи целосно нов модел на RC213V за Кејси Стонер и Дани Педроза со кој ќе се обидат да ја освојата инагуралната сезона во класата од 1000цц.

pedroza-stoner

Хонда направи целосно нов модел на RC213V за Кејси Стонер и Дани Педроза со кој ќе се обидат да ја освојата инагуралната сезона во класата од 1000цц. Новиот мотор ќе се појави на патеката Муџело во понеделник, веднаш по завршувањето на Италијанското Гранд При, а доколку тестирањата поминат во најдобар ред од средината на сезоната Хонда ќе настапува со новите мотори.

Новиот мотор е одговор на проблемите со управувањето и вибрациите, а главна цел е да се одговори на предизвикот од Јамаха односно Хорхе Лоренцо. Јасно е дека Хонда нема да се задоволи со втората позиција на крајот од сезоната.

Според изјавата на г-н Накамото, претседателот на „HRC“, тимот ќе се обиде да ги подготви новите мотори до трката на Лагуна Сека, но неизвесно е дали ќе успеат во тоа. Во секој случај се работи за целосно нов мотор, нов агрегат на кој тест возачите на Хонда го подобрија времето на приватната патека за 3 секунди. Сепак тест возачите и МотоГП возачите се различна работа па останува да ги сочекаме резултатите во понеделник и да видиме дали Хонда повторно ќе го направи шампионатот досаден.

Back To Top