МотоГП тимот на Јамаха денеска во Мадрид ги претстави боите на мотоциклите со кои ќе се натпреваруваат Маверик Вињалес и Валентино Роси оваа сезона.
За фановите на јапонскиот клуб зимскиот одмор заврши, Јамаха денеска официјално ги претстави новите бои за 2018 година.
Првиот пред сезонски тест ќе започне за 4 дена на патеката Сепанг во Малезија, а тимот денеска во Мадрид пред пријателите ги покажа мотоциклите на Роси и Вињалес.