Во спортот можеби нема поголема почит од повлекување на бројот на спортистот по неговото пензионирање.  Таква почит ќе му биде искажана и на починатиот Ники Хејдн за време на Гран При трката која ќе се вози во Остин, Тексас.

Познатиот број 69 со кој настапуваше момчето од Кентаки, засекогаш ќе остане негов и ниту еден возач во иднинина нема да смее да го користи.  Со ваквата одлука продолжува оддавањето почит кон Хејдн кој трагично загина во 2017 година додека возеше со својот велосипед.

Ники Хејдн во 2015 година стана дел од MotoGP легендите(мото верзија на Домот на Славните). Минатата година, лицата одговорни за Американската патека донесоа одлука свиокот број 18 да се вика “Hayden Hill”.

Nicky Hayden RetiredNumber Txt 28 01

Хејдн стана дел од MotoGP во 2003 година и веќе во првата сезона два пати се искачи на подиумот. Првата победа ја постигна во 2005 година а веќе следната сезона го освои и шампионатот.

Познат по вештината на возење додека е на патеката но и искрена личност кога е надвор од неа, Хејдн беше еден од најдобрите луѓе кои се дел од овој спорт.Им недостасува на сите мото ентузијасти.

„Голема чест е повлекувањето на бројот со кој настапуваше Ники“ , изјави неговиот татко Ерл. „Одговара и местото на кое ќе се направи тоа бидејќи патеката во Остин му значеше многу и секогаш со нетрпение чекаше да вози тука.“

„Ова исто така и мене многу ми значи бидејќи кога и јас бев дел од трките настапував со бројот 69. Навистина бев горд кога го гледав и Ники како вози со истиот број. Во името на целата моја фамилија сакам да им искажам една голема благодарност на Dorna што му одаваат ваква чест на Ники. “

„Горд сум што можам да кажам дека бројот 69 ќе биде повлечен од употреба“ , изјави Кармело Езпелета, извршниот директор на Dorna.

„Ники Хејдн беше еден од најдобрите личности .Голема чест ми дава тоа што ќе се осигурам дека бројот 69 ќе остане синоним за една легенда и шампион како што беше тој“.

Back To Top