Поминаа три месеци откако Кал Кратчлоу доживеа тешка повреда за време на трката која се оддржа на Филип Ајленд.

Откако претрпе неколку фрактури на десниот зглоб, возачот на LCR Honda го чека долг пат додека да се врати во форма.

Бидејќи се уште ги чувствува последиците од повредата и операцијата, тој одлучи оваа година зимата да не ја дочека во Велика Британија туку наместо тоа си замина во својот дом во Сан Диего.

Crutchlow txt 23 01 2019

„Веднаш знаев дека станува збор за тешка повреда. После операцијата докторот ми кажа дека оваа фрактура е најтешката која може да ви се случи. Мораа целосно да го реконструираат зглобот и поради тоа беа загрижени“ , вели Кратчлоу.

„Сепак, тој дел помина навистина добро. Сега имам две плочки на едната коска, едната е од внатрешната страна на зглобот а другата е по средината. Но докторите не ми ставија плоча на другата коска и се чини дека тоа ми ја причинува болката.“

„Поминаа три долги и тешки месеци. И претходно сум имав повреди но ниту една не беше толку голема. Знам неколку возачи кои поради ваков вид на повреда мораа да се пензионираат. Искрено, имаше моменти додека лежев во болница, кога си помислив дека повеќе никогаш нема да можам да се натпреварувам. Но, бев решен да продолжам соп тренинзите. Одев и на психолог бидејќи морав да бидам ментално силен. Не се предавам. “

Back To Top