Петтата трка од сезоната која ќе се одржи овој викенд ги носи носи возачите и тимовите во Муџело, Тоскана, каде што Лоренцо го освојуваше Gran Premio d’Italia TIM во изминативе две сезони.

99lorenzo s1d7257 original

Петтата трка од сезоната која ќе се одржи овој викенд ги носи носи возачите и тимовите во Муџело, Тоскана, каде што Лоренцо го освојуваше Gran Premio d’Italia TIM во изминативе две сезони. Тој се надева дека ќе постигне хет трик во 2013 година.

„Со нетрпение ја очекувам трката во Муџело бидејќи имав разочарувачки викенд во Ле Ман,” изјави тој.

„Тоа беше тешка трка за нас и би сакал да освојам поени во Муџело. Оваа патека е добра за нас.Многу ми се допаѓа како изгледа, има многу долги и брзи свиоци. Имам прекрасни спомени од тука и би сакал да имам добар викенд. Исто така мислам дека ова е добро место за Yamaha да ги покаже најдобрите перформанси.”

„Единствена слаба точка за нас е долгиот правец, каде што можеби нашите ривали се посилни од нас. Но во целина, патеката одговара на нашиот моторцикл.Неможам да дочекам да отидам во Италија и да почнам да возам.Шампионатот е долг и мораме да бидеме смирени.”

По четири трки минатата сезона, Лоренцо беше лидер во шампионатот со предност од осум поени во однос на Кејси Стонер. Сега тој се наоѓа на третото место позади возачите на Repsol Honda, Дани Педроса и Марк Маркез.

Back To Top