MotoGP

MotoGP: Лоренцо ќе го пропушти тестот во Сепанг

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Следете нè на:

 

Подготовките на Хорхе Лоренцо со новиот тим започнаа лошо откако беше потврдено дека три кратниот светски шампион ќе го пропушти првиот тест од новата сезона поради повредата на раката. Лоренцо скрши мала коска на левата рака за време на тренингот во Италија. Според Repsol Honda, Лоренцо одлучил да има операција.

Шпанецот ќе остане во болница во следните 24 часа а потоа ќе замине на официјалната презентација на тимот која ќе се случи во среда во Мадрид. Поради природата на повредата, тимот и Лоренцо одлучија тој да го пропушти тестот во Сепанг.

Lorenco Txt 1 22 01 2019

Со ова сега на Лоренцо му оставува само вториот и последен тест кој ќе се оддржи на патеката во Катар помеѓу 23. и 25. Фебруари. Неговата деби трка се очекува да биде на 10-ти Март.

Поранешниот возач на Ducati пропушти четири од последните пет трки минатата година откако доживеа скршеница на зглобот на левата рака. Во моментов, и двајцата возачи на Honda заздравуваат од повреда. Актуелниот шампион, Марк Маркез во Октомври минатата година имаше операција на рамото.

Возачот на LCR, Кал Кратчлоу се уште се опоравува од тешката повреда на ногата која ја доживеа минатата година и во моментов само Такааки Накагами е единствениот здрав MotoGP возач на Honda. Кратчлоу има за цел да настапи на тестот во Сепанг, што ќе биде негов прв настап после трката која се возеше на Филип Ајленд.

Lorenco Txt 2 22 01 2019

Лоренцо беше светски шампион со Yamaha во 2010, 2012 и 2016 година а минатата сезона со тимот на Ducati победи на три трки.

Доколку стигне до победи и со тимот на Honda, Лоренцо ќе им се приклучи на Мајк Хејлвуд, Ренди Мамола, Еди Лосон и Лорис Капироси како единствените возачи кои успеале да дојдат до победа во премиерната класа со три различни тимови.

За време на последниот тест кој се оддржа на патеката во Херез , Маркез и Лоренцо завршија на третата односно петата позиција.

Би можело да ве интересира

Новата, врвна, кацигна на Nolan е прва ваква кацига на пазарот кај која можете да го извадите штитникот за брада.

Ако верувате во гласините кои се појавуваат на интернет, тогаш наскоро ќе ни пристигне нова Honda Africa Twin.

Алваро Баутиста беше најбрз на слободниот тест кој се оддржа денес.

N60-5 е нова кацига на Nolan која е наследник на N64.

Откако го пропушти тестот во Сепанг, Хорхе Лоренцо ќе се најде на патеката за тестот кој овој викенд ќе се оддржи во Катар.

Кал Кратчлоу зборува за односот меѓу намалувањето на притисокот на пневматиците и оддржувањето на предноста која ја има предниот дел на мотоциклот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.