MotoGP

MotoGP: Маркез: Трае подолго отколку што очекувавме

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

Следете нè на:

 

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

Кога актуелниот шампион одлучи да замине на операција на десното рамо, една година откако имаше сличен зафат и на левото рамо, требаше да се подобрат работите.

Шпанецот имаше проблеми со десното рамо но тоа не беше толку слабо. Докторите имаа мало оштетување кое требаше да го поправат а и Маркез самиот призна дека ситуацијата не е толку опасна.

Тоа требаше да значи дека рехабилитацијата ќе се одвива побрзо и дека ќе биде подготвен за стартот на тестовите во Сепанг.

Но се чини дека работата не е толку едноставна.

 DSC5160 copy copy

Маркез сега вели дека состојбата, повеќе или помалку, е иста како и минатата сезона. Најверојатно ќе може да настапи на тестовите но нема да може да извози поголем број на кругови.

„Во последните две недели направив голем чекор напред но на почетокот на месецот не бев толку полн со оптимизам“ , објаснува Маркез.  Споредувајќи ја состојбата со минатата година, Шпанецот вели: „Операцијата беше поедноставна но рехабилитацијата е потешка и покомплексна.“

„Докторите ми кажаа дека зафатот може да влијае на некои нерви и мускули. Решив да се повлечам на кратко од социјалните медиуми бидејќи сакав 100% да се посветам на она што треба да го направам.“

Маркез се уште се нема качено на мотоцикл после операцијата но се надева дека ќе може да извози неколку круга пред да почнат тестовите.

„Сакам да возам и се надевам дека ќе можам да го направам тоа пред  да почне тестот во Малезија.“

 DSC5380

На патеката во Сепанг ќе се појават и други двајца возачи кои беа повредени, Такааки Накагами и Мигел Оливеира.

За време на тестот во Сепанг минатата година, Маркез заврши на единаесетото место. Сепак, тој извозе помалку но и пократки кругови од другите возачи. Но и покрај ова тој беше дел од борбата за победа на првата трка која се оддржа во Катар. Веќе на патеката во Аргентина стигна до првата од дванаесетте победи кои ги оствари минатата година.

„Минатата година Хорхе беше повреден и јас морав да работам повеќе на развојот на мотоциклот. И сега ситуацијата е слична. Нов тимски колега е мојот брат Алекс, кој е дебитант и од кого се уште не можам да барам премногу. Исто како и Хорхе, тој прво ќе мора да го научи мотоциклот.“

„Тука секако е и Кал Кратчлоу кој исто така е дел од развојот на машината. Мислам дека тестот во Малезија ќе биде ист како и минатата година. Нема да можам да извозам голем број на кругови но тоа сепак ќе помогне во рехабилитацијата.“

 DSC5192

Во меѓувреме, Марк вели дека воопшто нема да му преставува проблем тоа што неговиот брат е дел од тимот.

„Во MotoGP доаѓа како шампион од Moto2 серијата и е полн со ентузијазам. Но јас сум фокусиран како и во минатото. Најголем ривал секогаш ви е вашиот тимски колега но за Алекс ова ќе биде дебитанска сезона.“

„Јас ќе си ја гледам својата работа. Кога ќе се појавам на патеката ќе бидам целосно фокусиран на тоа што треба да го направам.“

Бидејќи е дебитант, Алекс ќе може да им се приклучи на Бред Биндер и Икер Лекуона на  „Shakedown“ тестот кој се оддржува пред стартот на официјалните тестови.

На 4-ти февруари во Индонезија ќе се оддржи и официјалното преставување на тимот на Repsol Honda.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На патеката Лосаил во Катар денеска започна официјалниот пред-сезонски тест.

По тимовите на ДукатиХонда, Јамаха, Сузуки, Петронас и КТМ, и тимот на Априлија официјално ги претстави боите на мотоциклите за 2020.

Откако се појави скица од новиот дизајн, јасно можеме да видиме како би изгледал новиот мотоцикл.

Андреа Довициозо одби да потврди дали ќе остане во Ducati и по завршувањето на сезоната 2020 откако се појавија гласини дека во текот на зимската пауза, тимот имал разговори со неколку возачи.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

„Ако продолжиме да работиме напорно исто како и во изминативе 16 месеци, ќе имаме добра сезона“ - Џек Милер.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 14 Март 2020 - 14 Март 2020
  • Beertija Pub
  • Frederik Shopen 4, 1000 Skopje

  • 28 Март 2020 - 28 Март 2020
  • Bad Boys Bar
  • Кочани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.