Ducati ги следи Франко Морбидели и Франческо Бањаиа, двајца од најпросперитетните Италијански возачи во моментов, како и Светскиот шампион во Moto3 Јоан Мир.
Според Паоло Чиабати, компанијата е во потрага по следната ѕвезда која ќе биде дел од нивниот јуниорски MotoGP тим. Ваквата реакција на спортскиот директор на фабриката од Болоња, следува откако неколку Италијански спортски весници открија дека Pramac Ducati постигнал договор со 21-годишниот Бањаиа тој да биде дел од нивниот тим почнувајќи од сезоната 2019.
Чиабати не ја потврди оваа информација но сепак соопшти дека тимот веќе подолго време го следи развојот на Италијанскиот возач кој минатата година имаше импресивен настап во Moto2 серијата, а покрај него, тимот го следи настапот и на шампионот на Moto2 серијата, Франко Морбидели како и Јоан Мир.
„Мислам дека Франко Морбидели имаше импресивен настап и веќе премина во MotoGP. Ќе ги видиме неговите перформанси оваа сезона. Во однос на другите возачи, мислиме дека Бањаиа ветува многу, а покрај него тука дефинитивно можеме да го вброиме и Јоан Мир кој имаше фантастична сезона. Ќе видиме каков ќе биде неговиот настап во Moto2.“
„Ако можам да кажам три имиња на возачи кои ги следиме и за кои во иднина би можеле да се заинтересираме, тогаш тоа би биле Морбидели, Бањаиа и Мир.“
Pramac веќе го додаде Австралиецот Џек Милер во своите редови почнувајќи од сезоната 2018 година додека пак Данило Петручи, кој минатата сезона четири пати се најде на подиумот, идната година ќе ја почне својата четврта сезона во тимот.
Италијанецот изјави и дека Pramac одблизу ја следи ситуацијата со тројцата возачи.
„Очегледно е кога размислувате за некои возачи, се обидувате да разберете во која ситуација се наоѓаат и какви планови имаат за во иднина. За добро да ја завршиме нашата работа, мораме да ја разбереме ситуацијата во која се наоѓаат тројцата возачи, а дури потоа ќе размислуваме за иднината. Задачата на Pramac е да биде јуниорски MotoGP тим.“
„Токму затоа потпишавме договор со Данило, Рединг и со Џек. Сакаме да направиме добар тим кои ќе настапуваат или со истиот мотоцикл или со една класа подолу. Поголем дел од техничката работа е направена од страна на инжинерите на Ducati.“
„Понекогаш тоа функционира, како што е случајот со Данило.Задоволни сме со неговите резултати. Но понекогаш работите не функционираат, како на пример со Рединг. Не успеавме да ги оствариме резултатите кои ги очекувавме. Имаше одличен старт но потоа работите не се развиваа во вистинскиот правец.“
„Токму и ова е причината зошто имаме толку блиска соработка со Pramac. Сите нови возачи прво одат таму а потоа, како што направивме со Ианоне, преминуваат во фабричкиот тим.