MotoGP

MotoGP: Најавени промени кај тимовите во сезоната 2020

Нашите извори од MotoGP гаражите откриваат дека би можело да има големи промени на патеката во сезоната 2020.

Следете нè на:

 

Нашите извори од MotoGP гаражите откриваат дека би можело да има големи промени на патеката во сезоната 2020.

Нашите извори од MotoGP гаражите откриваат дека би можело да има големи промени на патеката во сезоната 2020. Најверојатно Stop and Go Moto2 тимот ќе го преземе местото на Avintia Ducati на патеката и ќе настапува со мотоцикл на Suzuki. Првиот човек на Suzuki, Давиде Бривио негираше дека Јапонската компанија планира да воведе сателитски тим но признава дека одговорните во Dorna го притискаат што е можно побрзо да додаде уште два мотоцикли на својата екипа.

Иако Бривио ги негираше гласините, сепак се верува дека менаџерите на Хафиз Сиахрин посебно преговараат со Dorna околу неговата иднина. Малезискиот возач кој е единствен преставник на големиот Југо - Источен Азиски пазар наскоро би можел да биде заменет од возачот на Tech 3 KTM, Бред Биндер. Ова би можело да биде одлична информација за сателитскиот тим на Suzuki.

Team Changes Txt 13 06

Тие веќе спомнаа дека се заинтересирани да имаат сателитски тим кој ќе помогне во развојот на GSX-RR. Минатата година имаше информации дека преговараат со Marc VDS но сето тоа падна во вода откако дојде до сериозни несогласувања внатре во тимот. Сепак Бривио неодамна во интервју за MCN откри дека сателитскиот тим е дел од нивните идни планови.

„Сакаме да имаме сателитски тим но тоа е невозможно во сезоната 2020. Истото го кажавме и пред неколку години но мислам дека би можеле да се обидеме во сезоната 2021. Навистина би сакале да го постигнеме тоа но во моментов имаме лимитирани ресурси. Ќе мораме да направиме реорганизација внатре во тимот.“

„Dorna не ни прави голем притисок да имаме четири мотоцикли на патеката но јасно ни ставија до знаење дека би биле среќни ако го направиме тоа. А доколку се решиме на таков чекор, сигурен сум дека тие ќе ни помогнат“.

Сепак, и Avintia сакаат да постигнат подобар договор во сезоната 2020 а шефот на тимот, Рубен Хаус викендов призна дека во тек се преговори за партнерство со некој тим откако ќе заврши договорот со Ducati.

„Првата опција секако ни е Ducati бидејќи досега имавме добра соработка. Долго време возиме за нив и знаеме како функционираат. Секако дека имаме и други опции но во моментов имаме договор кој важи две години. Ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи.“

„Едно нешто е јасно. Со кој тим и да соработуваме, тој мора да биде добар. Возачот, без разлика кој ќе биде, мора да има добар мотоцикл. Има два или три добри возачи во Moto2 серијата и се надевам дека во следните две години, еден од нив ќе премине кај нас.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.